Овен (21.03 – 20.04)
Денес, ќе имате зголемен број на обврски кои успешно ќе ги решите. Сакате искрено да разговрате со вашиот надреден со цел да извлечете поголема плата или напредување, но тој денес нема да има време за вас. Не се лутете обидете се повторно утре. Следува позитивен развој на настаните.
Бик (21.04 – 21.05)
Новиот развој на настаните во врска со романтичната страна на вашиот живот има добро влијание на вас. Една работна обврска ве одвлекува од приватниот живот. Што побрзо ја завршите ќе можете повторно да продолжите по старо. Рекреативна прошетка во природа добро ќе ви дојде.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес на работното место ви следи нов проект, но поради големиот број на работни задачи ќе бидете во дилема дали да го прифатите. Наш совет е да прифатите без размислување затоа што тоа ќе ви помогне да го наполните својот паричник. Партнерот ќе се потруди да ве изненади за да ви го подобри расположението.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши. Договорете средба со пријателите кои одамна не сте ги виделе, разговорот со нив ќе ве израдува.
Лав (23.07 – 22.08)
Денес ве очекуваат некои непредвидени настани, промена на планови и желби и голема динамика ќе ви го исполни денот, но не може да се рече дека тешко ќе се снаоѓате. Покрај тоа до вас се пријателите кои во вистинскиот момент ќе ви помогнат. Во љубовта задоволни ќе бидат само они кои се наоѓаат во сериозни врски, а оние кои практикуваат кратки авантури ќе навлезат во период на монотонија.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес премногу сомнежи ви доаѓаат на ум. Ако се продлабочите во нив ќе изгубите време и емоции, а нема да дојдете до никакво практично решение или образложение. Размислете дали вреди, ние ве советуваме да продолжите напред без навраќање.
Вага (23.09 – 22.10)
Полни со сила и желба за афирмација ќе бидат особено Вагите родени во првата декада, додека пак Вагите од втората декада ќе треба да ја насочат својата енергија на пофините работи. Ви препорачуваме повеќе контакти со луѓе и изразување на своите идеи без претерана критичност.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Расположението ви е прекрасно и денес ќе бидете многу комуникативни, но во исто време ќе бидете и невнимателни. Воздржете се од непотребни приказни со кои можете да ги покажете вашите слаби страни и да си создадете потенцијални непријатели. Некој пријател ќе ви упати искрена критика.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе почуствувате силна мотивација и желба да реализирате некоја улога или работни цели. Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денов е многу поволен за општествени активности и акции со кои на некого ќе му помогнете. Располагате со енергија и елан, па ќе бидете успешни во тоа што го работите. Финансиската ситуација нема многу да ве радува, но ќе се случи нешто позитивно и ќе дојде до подобрување. Бидете потолерантни со саканата личност.
Водолија (21.01 – 19.02)
Доаѓа до позитивна трансформација во вашиот начин на размислување и прифаќање на целокупната животна ситуација. Потполно сте подготвени за поголеми промени, ви се враќа оптимизмот и движечката енергија. Обидете се да го прифатите здравиот начин на живот, јадете здраво и вежбајте.
Риби (20.02 – 20.03)
Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно доколку сте подготвени и кога имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта.