Овен (21.03 – 20.04)
Финансиската состојба ви е неповолна, па затоа не правете листа со работите кои сакате да ги купите. Оние кои се од неодамна во врска на секој можен начин ќе се обидат подобро да го запознаат партнерот. Денеска ќе имате поволни прилики за продолжување или можеби нов почеток на некои големи потфати кои добро ќе ви се исплатат. На работното место ќе ви биде потребна среќа.
Бик (21.04 – 21.05)
Моменталната поставеност на планетите навестува многу акција и настани. Ќе бидете многу немирни и емоционално нестабилни. Не донесувајте нагли одлуки и не решавајте ништо што е многу важно, бидејќи ќе бидете под влијание на спротивставување на желби, па и вашето однесување ќе биде непредвидливо.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Добро ви се аспектирани односите со претпоставените, па затоа денот е поволен за реализирање на некои поважни разговори за кои сте чекале погоден момент. Имате многу изгледи за успех во работите поврзани со странство и деловните патувања. Приватниот живот ви е стабилен а вашата љубовна врска ја зацврстувате.
Рак (22.06 – 22.07)
Ќе ве следат доста променливи чувства. Ќе се запрашувате колку навистина го сакате партнерот, а одма потоа ќе му искажувате огромна љубов. На работното место не ќе можете да постигнете со обврските. Времето некако ви се лизга низ прстите и мора малку да се позанимавате со неговата реорганизација.
Лав (23.07 – 22.08)
Навистина ќе имате причина да се сожалувате себе си, но не бидете патетични и не ја малтретирајте околината, зборувајќи дека многу работите и дека немате време за себе. Ќе морате да преземете нешто посериозно, да се организирате како самите така и со своите соработници. Љубовниот живот може да биде центар на вашите интереси.
Девица (23.08 – 22.09)
Во зголемување на месечните примања или бизнис продуктивноста ќе ви помогне разгранетата мрежа на пријатели кои ќе се најдат во вистинско време на вистинско место и ќе ви ги пласираат потребните информација или услуги. Некому денес ќе му биде потребен вашиот совет или рамо за плачење.
Вага (23.09 – 22.10)
Интензитетот на настаните ќе ја намали вашата посветеност и концентрација, што се однесува до изразувањето на нежност и приврзаноста со партнерот. Ќе се чувствувате уморни, а токму сега ви е најпотребен одмор. Овозможете им на блиските личности поголема слобода и време, што ќе си ги посветат на себе си.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Многу сте самоуверени и ќе бидете подготвени за клучни одлуки. Можно е да се најдете во центарот на некоја сложена љубовна приказна полна со страсти, неизвесности и обврски. Слободните претставници ќе бидат опседнати со потрагата по вистинската љубов.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Функционирате во состојба на многу силна емотивна напнатост. Ќе бидете чуствителни на болести или неповолни настани. Бидејќи се работи за нормални појави, сватете ги како составен дел од животот и не драматизирајте. Поради некоја причина ќе морате да ги намалите потрошувачките апетити и да почнете да штедите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Чуствувате силна потреба за сензација и во однос на тоа правите се и сешто за да ја шокирате средината. Кога ќе ја постигните целта и со сите ќе се искарате, ќе се обидете да изградите нови односи. Тоа многу тешко ќе го поднесуваат вашите жртви. Внимавајте многу бидејќи по брза постапка можете да бидете елиминрани од нивно друштво.
Водолија (21.01 – 19.02)
Поголемиот дел од настаните е поврзан со некоја личност од вашата непосредна околина, па најдобро би било што повеќе време да поминете сами. Не се потпирајте на никого и не се доверувајте. Некој од вашата близина ќе настојува да ви наштети. Бидете трпеливи се брзо ќе заврши.
Риби (20.02 – 20.03)
Имате добри пријатели и сигурно не сакате да ги изгубите. Секако дека имате многу работи и обврски, но и пријателството е нешто за што треба да одвоите време. Повикајте пријатели ако не за нешто друго барем да им покажете дека мислите на нив иако не ги гледате често.