Овен (21.03 – 20.04)
Денес се враќате одново на некои идеи од минатото и се трудите да ги спроведете. Колегите сметаат дека сте чудни и дека трудот ви е беспотребен. Не можете да се ослободите од старите навики и повеќе сакате да работите ако треба и без пари отколку да седите и да одморате. Се чувствувате несфатени. Не само од колегите туку и од фамилијата. Меѓутоа, решени сте да не отстапите и да биде по ваше.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес внимавајте на расходите и не дозволувајте тие да ги надминат приходите. Ако играте игри на среќа, денес ве очекува добивка. Попладнето ќе го поминете во пријатно друштво на една значајна личност која ќе ви биде од голема помош во иднина.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Доколку се занимавате со сопствен бизнис, денеска прифатете ја понудата од една жена. Нејзините намери се добри и многу ќе ви олесни во справување со проблемите. Вратете се на некои размислувања од минатото и повторно разгледајте ги идеите што сте ги отфрлиле. Можеби е време да почнете да работите на нивна реализација.
Рак (22.06 – 22.07)
Вие сами се справувате со проблемите и останатите околу вас не забележуваат дека нешто не е во ред. Оставете ја гордоста на страна и разговарајте со партнерот. Тој е во состојба да ви помогне и со задоволство ќе го направи тоа. Клучот на решението е во неговите раце.
Лав (23.07 – 22.08)
Сметате дека е краен момент да го добиете она што сте го заслужиле. Меѓутоа вашето арогантно однесување кон колегите може да ви попречи во остварување на плановите. Ако сте невработени ве очекува изненадување и подобрување на ситуацијата во која се наоѓате.
Девица (23.08 – 22.09)
Прекумерната анализа на работите е на ваша штета. Денес ќе морате да се вратите на некои стари документи и добро да ги проучите. Решението на проблемот е во нив. Во семејството поставувате многу крути правила и барате ред и дисциплина, што ги вознемирува вашите блиски. Време е да се опуштите и да воспоставите поблизок однос.
Вага (23.09 – 22.10)
Денес ќе се случат некои промени во врска со вашата кариера. Промените ќе бидат предизвикани од повеќе луѓе и ќе бидете многу задоволни. Не повлекувајте се, комуницирајте со сите што ви пристапуваат. Само така можете да го постигнете она што го сакате. Најдобар совет ќе примите од една постара личност.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Главниот проблем е во вашиот остар јазик и во забелешките кои ги правите. На колегите веќе им е смачено од вашето играње топло-ладно и сакаат да знаат што навистина мислите. На овој начин тешко ќе можете да постигнете добри резултати. Партнерските односи ви се смирени и почнува да ве фаќа монотонија.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес почнувате да се запрашувате дали вреди големиот труд што го вложувате, но сепак ќе продолжите како и до сега, затоа што не знаете како да се смените. Во попладневните часови ве очекува семејна средба со блиски роднини и пријатели. Партнерот е повлечен и не очекувајте да се вклопи во муабетот. Не обидувајте се да го смените.
Јарец (22.12 – 20.01)
Веќе сте изморени од акциите што ги преземавте и имате потреба да се опуштите и да се одморите. Ви недостасува забава и комуникација со вашите блиски. Денес не позајмувајте и не земајте заем. Можно е да направите превид и средствата да не можете да ги вратите или да не ви ги вратат. Ако сте слободни, може да ви се јави една личност од минатото.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ако сте вработени денеска обрнете внимание на некои постари прашања кои веќе сте ги поминале. Невработените ќе имаат шанса да конкурираат на работно место на кое претходно конкурирале. Комуникацијата со партнерот ви е добра и време е да почнете заеднички да работите на унапредувањето на домот.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес ќе добиете признание за вашето залагање, но тоа ништо нема да ви значи. Повеќе сакате да добиете материјална сатисфакција околу празни зборови. Смирете ги малку нервите и не реагирајте бурно на зборовите од блиските лица, тие ви го мислат само најдоброто.