Овен (21.03 – 20.04)
Следете ги правилата. Денот може да ви започне со неколку вида на проблеми поврзани со поранешни грешки или некое занемарување на правилата. Дејствувајте разумно и не размислувајте за проблемите, внимавајте на постапките.
Бик (21.04 – 21.05)
Не се навраќајте на старите нешта. Непријатните вести или сеќавањето на нешто што се случило одамна може да го расипе вашето расположение. Не го продлабочувајте беспотребно. Ако можете да спречите погрешен потег направете го тоа. За се друго гледајте само напред.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Вообичаен ден дополнет со напредок. Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини, па затоа би требало да им посветите повеќе внимание. Емотивно сте стабилни и со одлично здравје.
Рак (22.06 – 22.07)
Тензиите денес ќе растат брзо и неконтролирано. Најверојатно ќе мора да направите промени во плановите. Ако планирате некои екстремни ситуации бидете подготвени да имате и план Б, ако работите не излезат како што треба. Некоја порака од поранешен близок пријател ќе ви донесе голема среќа.
Лав (23.07 – 22.08)
Ви се отвораат нови можности. Успех им претстои и на оние претставници чија работа се состои од патување. Исклучителната раздвиженост во интимниот живот може да ви донесе популарност кај лице од спротивниот пол кое вие ќе знаете да го искористите иако врската можеби ќе трае кратко.
Девица (23.08 – 22.09)
Нема да бидете сигурни во сопствените постапки. Очекувате поддршка од влијателни лица, но малку повеќе од еден Јарец или некоја Шкорпија, немате баш многу добри пријатели на кои можете да им ги доверите вашите проблеми. Не навлегувајте во непотребни расправии бидејќи е нагласено астролошкото поле на јавноста и тајните непријатели.
Вага (23.09 – 22.10)
Престанете да се ангажирате само на деловното поле, посветете му време и на приватниот живот. Не дозволувајте овој ден да го поминете во домашна атмосфера. Ви препорачуваме повеќе движење, средби со пријатели и забава. Денот е поволен и за работи поврзани со вложување на интелектуален напор. Финансиите ви се одлични, а во љубовта чувствувате неверојатна среќа, искоритете го поволниот ден.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ќе западнете во проблеми доколку јазикот ви е побрз од мозокот. Може да ви се случи недоразбирање со саканата личност и затоа внимавајте на секој изговорен збор. Подобро е нешто да премолчите отколку да бидете брутално искрени. Вие моментално размислувате нерационално. Живеете во некој свој свет и не можете да ги сфатите другите. Истото се однесува и на вашата кариера.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Неплоден период во кој ќе почувствувате повеќе тешкотии. Родените во последната декада треба особено да бидат внимателни во работењето со некои Близнаци, Девица, Шкорпија, бидејќи Меркур, планетата која управува со бизнисот е многу предизвикувачки поставена кон вашето Сонце. Некој Јарец ќе ви подаде рака за помирување.
Јарец (22.12 – 20.01)
На многумина им пречи вашиот успех и тоа е до таа мера нагласено што морате да криете од оние кои се напорни во испрашувањето за вашите намери, оние кои сакаат да знаат се за вас. Тое не ви е потребно и веројатно сакате да се снајдете во работата која ќе ви овозможи контакт со странци, патување, но би требало да бидете реални и по тоа прашање барем уште некое извесно време.
Водолија (21.01 – 19.02)
Пронајдете внатрешен мир. Некоја мала работа го израдувала вашето срце, па вие конечно сте сфатиле дека среќата е во малите нешта. Не и префлувајте на околината за постапките, секој си има своја причина за потезите кои ги прави. За да ја зајакнете финансиската страна, потребно е да ги намалите трошоците.
Риби (20.02 – 20.03)
Сте станале алчни. Внимавајте како се однесувате кон пријателите. Можно е да дојдете во конфликт со еден од нив и тоа без поголема причина. Денес се чувствувате вознемирено и нема да избирате зборови. Исто така бидете внимателни и кон домашните. Измерете го секој збор пред да го кажете. Дозволете им на луѓето околу вас да имаат свое мислење.