Овен (21.03 – 20.04)
Денес ќе немате доверба во соработниците и мислите дека некој си поигрува со вас. Ако мислите дека сте пропуштиле некоја прилика, немојте да бидете толку сигурни и убаво погледнете околу себе. Работите кои ви ги сметате за допадливи и привлечни, партнерот ги набљудува со одредена доза на недоверба и има поинакви ставови.
Бик (21.04 – 21.05)
Можна е појава на проблеми. Денес нема да биде лесно да излезете на крај со партнерите и блиските пријатели. Можеби сте толку многу лути на некоја личност, па не можете да изустите ни збор. Немојте да се грижите. Времето е на ваша страна. Всушност, правилното темпирање на времето е најважно.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате потреба од промена на активностите, па дури ќе ви паѓа на памет да ја промените работата и дејноста. Тоа најверојатно се должи на желбата за нови искуства и подвизи. Немојте да ги потиснувате амбициите, ама не треба ни по секоја цена да го менувате она што функционира. Здравјето ви е во одлична состојба, но тоа не значи дека треба да го запоставите.
Рак (22.06 – 22.07)
На моменти работите ќе изгледаат како да сакате самите да ги комплицирате. Незадоволството ќе ве натера да креирате ситуации и да ги вртите околностите во своја корист. Можеби тоа е најдоброто решение во моментов, но ќе морате будно да го следите развојот на ситуацијата.
Лав (23.07 – 22.08)
Ова за вас ќе биде убав ден исполнет со омилените нешта. Денес вибрирате од креативна енергија и сте желни за забава и движење. Како резултат на зголемената свесност, некои проблеми од минатото ќе дојдат до точка на разрешување. Ќе имате јасна слика за некои случки од минатото.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес се чувствувате стабилно, после емоционалните состојби кои беа присутни во вчерашниот ден. Ќе доаѓате до некои заклучоци и ќе се насочите кон одржување на она што ви е важно. Вашата доверба во партнерот и некои блиски личности, се зголемува.
Вага (23.09 – 22.10)
Поволен ден за повеќето припадници на овој знак. Полека но сигурно, ги поврзувате различните компоненти од мозаикот и добивате јасна слика за некои витални важни прашања и проблеми. Денес имате можност да го извлечете најдоброто, и од себе и од другите. Можеби ќе размислувате за тоа во кој правец да ги насочите работите, откако ќе стигнете до клучните увиди.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес, ако некој ве убедува на некој деловен предизвик или на заедничка авантура, добро размислете за можните последици. Некој би можел да ги разоткрие вашите планови, па обидете се да бидете промислени и тактични. Со своите љубовни очекувања, одите еден чекор пред партнерот. Вашата нестрпливост делува збунувачки.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес обидете се да бидете трезвени и стабилни, затоа што ќе се исправите пред некои ситуации кои нема да бидат премногу јасни. Немојте да се сомневате во членовите од вашето семејство, нивните намери се добронамерни. Ако треба да имате важни преговори, застапувајте ги своите интереси.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес ќе бидете во трка со времето поради зголемениот број на обврски. Ќе бидете чувствителни кон убавината. Некои од вас ќе бидат привлечени од некои убави предмети, а некои ќе добијат поклони од нивните блиски. Исто така, ќе имате силно влијание на вашата околина и ќе се чувствувате значајно.
Водолија (21.01 – 19.02)
Семејните дискусии ќе бидат напнати и интензивни. Можеби главната цел за тоа е вашата потреба да внесете подобрувања во домот и во односите со домашните. Во разгледувањето на ситуациите, земете го во предвид и гледиштето на другите.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес сте шармантни и имате дипломатски став во односите со другите. Тоа е одлично, затоа што Марс ќе предизвика некои интензивни дискусии кои бараат балансиран пристап. Интеракцијата со партнерите ќе биде динамична, страсна и осцилативна.