СО ФЛАСТЕР НА ПРСТОТ: Војвотката Кејт Мидлтон си го повреди палецот (ФОТО)

by Тони Зографски

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам присуствуваа на една добротворна свеченост во Лондон, а многу внимание привлече изгледот на војвотката од Кембриџ

Имено, Кејт се појави во црн капут, а под него имаше фустан, меѓутоа, стајлингот не е тоа што го коментираат корисниците на социјалните мрежи.

Тие се фокусираа на нејзиното лице, па велат дека Кејт не била адекватно дотерана за оваа прилика и оти изгледа многу заморено, но и дека тоа не успеала да го сокрие.

Фотографите забележаа и дека на палецот на десната рака имала повреда, со оглед на тоа што носеше фластер.

останати вести