Овен (21.03 – 20.04)
Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Вие умеете добро да ги контролирате нештата, па ваквите провокации ќе ги сфатите како љубоморен обид на околината да ви наштети. Обидете се да размислувате позитивно.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес не зборувајте напразно, туку секое ваше тврдење поткрпувајте го со факти. Ќе наидете на личност која ќе ужива да ве негира и провоцира, па ако сте наоружани со потребните аргументи, лесно ќе и ја затворите устата. Ќе имате голема самодоверба и тоа ќе ве направи бестрашни во сите сфери на животот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Не правете нови големи вложувања. Внимавајте во однос на вашите очекувања и бидете практични. Отворете го умот за нови перспективи. Дајте си време за да ги размислите различните начини и извори на приходи. Некои околности може да бидат надвор од ваша контрола. Не донесувајте големи одлуки.
Рак (22.06 – 22.07)
Во донесувањето заклучоци држете се до фактите. Околностите се погодни за зближување со личноста што ве привлекува на интелектуално ниво. За вас разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите и се однесувате коректно со пријателите и околината.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе бидете среќни и задоволни. Некој ви помага да се искажете на вистински начин, не отфрлајте го тоа. Го идеализирате партнерот и тоа сосема е погрешно. Занимавајте се со уметност, бидејќи имате нагласена фантазија и креативност.
Девица (23.08 – 22.09)
Оставете ги незавршените задачи за некој друг ден и дајте им шанса на пријателите да го видат вашето лице кое денес особено ќе блеска. Независно каде сте, со насмевка ќе и дозволите на секоја личност да ужива во вашето друштво. Не заборавајте дека животот е филм кој ние самите го режираме, па потрудете се да ви биде незаборавен.
Вага (23.09 – 22.10)
Премногу сте чувствителни и тоа ве води до погрешна процена на многу нешта. Бидејќи сте затворени во себе, можете сериозно да го нарушите здравјето и да се соочите со долготрајни последици. Не дозволувајте да ве погодат коментарите на околината. Релаксирајте се и забавувајте се во друштво.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Окупирани сте со практичните проблеми кои се однесуваат на вашиот секојдневен живот и на вашите обврски, кои се потешко ги поднесувате. Се обидувате на наједноставен начин да ги решите проблемите кои ве оптеретуваат, а се однесуваат на пари и секојдневен живот. Денот посветете му го на семејството и не се оптеретувајте со тоа што не можете да го решите.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Стравот често е пречка на патот кон среќата, па ослободете се од него. Не им дозволувајте на чудните туѓи погледи да го расипат вашето расположение. Вие сте секогаш понапред од другите, па ќе им биде потребно подолго време за да го достигнат вашето темпо.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес конечно ќе соберете смелост и ќе поведете храбри битки. Се разбира, вашата решителност и цврстиот став во клучните моменти ќе ви помогнат да стигнете до посакуваната победа. Единствената мисла која секогаш треба да ја имате на памет е да не ги погазувате сопствените принципи.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе имате нагласена потреба да се докажете, да ги докажете вашите постапки и ставови за околината да увиди дека правилно сте постапиле. Таа ситуација ќе ви донесе немир, па затоа откажете се. Во вечерните часови ќе присуствувате на приватна забава каде ќе запознаете интересни лица, некое лице ќе ви даде интересен предлог. Размислете како да постапите.
Риби (20.02 – 20.03)
Голема е веројатноста денес одредена личност да се обиде да ја искористи вашата љубезност, а тоа вас ужасно ќе ве изнервира. Убавата вест е што ќе и се спротивставите и ќе победите. Емотивно сте задоволни, а тоа ќе ви помогне да решите професионален проблем.