Талат Џафери по вторпат стана дедо

by Тони Зографски

Претседателот на Собранието Талат Џафери преку Фејсбук се пофали дека станал дедо по вторпат.

Внуката на Џафери ќе се вика Ајола.

– Дедо по втор пат! Денес нашето семејство се збогати со уште еден нов член, ни дојде внуката – Ајола! Добредојде меѓу нас ангел, дедо ти посакува убаво растење, здравје и среќа во секој чекор во животот!, напиша Џафери на Фејсбук.

Инаку, во август, неговата ќерка Бесиана на свет го донесе првиот внук Фрашер.

останати вести