Овен (21.03 – 20.04)
Премногу емотивно ги сваќате реакциите од страна. Сватете еднаш за секогаш, не сите прават едно или друго за да ви наштетат. Дел од луѓето кои мислите дека дејствуваат против вас, не ве ни забележуваат дека постоите. Премногу сте свртени кон себе. Мора да го промените размислувањето.
Бик (21.04 – 21.05)
Интелектуално сте многу силни и ќе постигнувате добри резултати во учењето, пишувањето, анимирајќи ги другите за нови активности. Силната физичка поврзаност со партнерот ќе ви ја врати страста во вашата врска. Слободните ќе зрачат со нагласена сексипилност. Прифатете ја поканата за ручек, бидејќи можете да сретнете привлечна личност.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Некои пари кои сте ги очекувале би требало да пристигнат. Спротивниот пол ќе покажува зголемено интересирање за вас. Искоритете ја добрата соработка со некоја Девица, и профитирајте. Ве очекува некакво непријатно изнендување, бидете подготвени на се.
Рак (22.06 – 22.07)
Многу сте сериозни и тоа кон се и сешто. Средината не може да го разбере вашиот перфекционизам и настојување да одберете потешка варијанта. Доколку некој добронамерно ви укажува на направените грешки, вие многу се лутите и нервирате. Не дозволувате никому да делува на било кој начин врз вас иако тоа би го направил со најдобра намера. Самите си правите лошо.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе имате перфектно избалансиран однос помеѓу сопствените, туѓите и општите барања и можности. Контаките со околината ќе ви бидат одлични, особено добро ќе соработувате со вашите колеги. Ви препорачуваме тимска работа.
Девица (23.08 – 22.09)
Денеска очекувајте стрсови. Поголемиот дел од настаните е поврзан со некоја личност од вашата непосредна околина, па најдобро би било што повеќе време да поминете сами. Не се потпирајте на никого и не се доверувајте. Бидете трпеливи се брзо ќе заврши, па потоа ќе можете да здивнете.
Вага (23.09 – 22.10)
Многу ќе бидете задоволни како со деловниот така и со семејниот живот. Обидете се ваквата сосојба да је претворите во трајна. Немојте да се нервирате поради некои ситници. Доколку се оптеретувате и размислувате за лошите колегијални односи само ќе се нервирате, а ништо нема корисно да направите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Важни вести ќе ви бидат соопштени денес. Благодарение на овие вести ке можете да напреднете во вашата работа и да ги дознаете причите за некои претходни конфликтни ситуации. Воздржете се од пребрзи решенија бидејки сте премногу емотивни.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Голем дел од вашите проблеми ќе се решат уште во утринските часови но како резултат на тоа вие ќе бидете исцрпени. Оваа состојба ќе влијае лошо на вашето расположени и може да охрабри негативно расположение кое вие не треба да ги дозволите. За да го спречите тоа, исполенете го вашето време со работи кои вас ве прават среќни.
Јарец (22.12 – 20.01)
Тимската работа ќе биде многу успешна и врските со луѓето околу вас – многу корисни. Вечерта ќе ви биде исполнета со романтика и емоции. Покажете ги вашите вистински чувства. Не им замерувајте на кавгаџиите, бидете среќни.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе бидете во ситуација да се занимавате со нешто кое за вас ќе биде непозната област, со која вие немате никаков допир. Споделете ги вашите проблеми со најблиските и побарајте нивно мислење. Можете да добиете целосно решение за вашите проблеми или делумни идеи кон кои можете да го насочите вашето внимание.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе ве поканат да учествувате на некое интересно случување. Може да биде поврзано со телевизиско предавање или друг јавен настан. Вечерта најверојатно ќе завршите во тивко друштво, каде вие ќе бидете центар на вниаманието. Забавувајте се.