Овен (21.03 – 20.04)
Денес многу нешта можат поволно да се рефлектираат на вашиот знак. Во претпладневните часови родените во последната декада од знакот можат да ја постигнат целта ако бидат подготвени да се вклучат во некој нов бизнис дури и ако тој не се одвива според нивните услови. Многу брзо ќе ја сфатите предноста на таквиот став.
Бик (21.04 – 21.05)
Ова би можел да биде исклучително напорен ден ако не сакате да се прилагодите на некои нови услови за работа или ако не бидете доволно енергични или подготвени да направите отстапки за еден Рак, Јарец или Риба. Пред вас се сјајни можности но вие не ги користите на најдобар начин.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ги цените добрите совети од личноста која ве разбира. Некој ќе ви понуди заедничка работа и ќе бидете подготвени да се вклучите во тоа. Имате можност да се смирите со некој Рак само ако промените нешто во вашиот став кон него. Не ја пропуштајте приликата да навлезете во некоја нова и интересна работа.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес од вас ќе очекуваат да имате јасен став за многу прашања за кои досега ниту самите не сте размислувале. Ќе добиете некаква понуда од близок пријател кој ќе биде премногу упорен да ве наговори на заедничка соработка. Имајте доверба во него, особено ако станува збор за Риби, Шкорпија или некој Јарец.
Лав (23.07 – 22.08)
Можна е добра соработка со Водолија, Вага или Бик. Оние кои ве критикуваат, всушност ќе ви помогнат во процесот да ги исполните сите обврски. Уверени сте дека можете ситуацијата да ја завртите во ваша корист. Внимавајте на финансиите.
Девица (23.08 – 22.09)
Можни се важни средби со некои лица кои се подготвени да прифатат некоја голема работа. Можно е да станува збор за соработка со некој Овен. Не се двоумете во врска со одлуката која се однесува на соработката со Вага без оглед во какви односи сте. Недоволно сте подготвени да преминете преку некои коментари на ваша сметка.
Вага (23.09 – 22.10)
Родените во последните денови од овој знак имаат мислење дека настапило нивното време да обават некој сериозен разговор со некои Риби. Рибите во моментов се вашите најдобри соработници, особено ако и приватано сте во добри односи. Со некој Стрелец и Овен треба да бидете посебно внимателни, тие можат да ви пренесат некои невистинити нешта.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес комплетно ќе им се посветите на размислувањата да ја продолжите соработката со некој Рак, Лав, Вага или Стрелец. Мислите дека најмногу може да ви помгоне некој Лав. Може да бидете прилично нервозни и нетрпеливи, а сето тоа би можело да ви донесе проблеми.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Вие се чувствувате слободни, полни со елан и енергија а не сте сигурни дали ќе можете вашите креативни способности да ги изразите на најдобар начин. Ви претстои одлична соработка со Близнаци или Лав, извлечете го максимумот од неа. Информациите кои ги добивате од некој Бик се искрени, за разлика од оние кои ги добивате од некој Овен.
Јарец (22.12 – 20.01)
Неспокојни сте бидејќи не сте свесни што и на кого му должите. Потребно е комплетно да ја поправите состојбата, и доколку имате долгови да започнете да ги елиминирате. Ќе имате можност одлично да се промовирате пред странци и да успеете да соработувате со нив, а за сето тоа ќе ви помогнат советите и поддршката од некој Стрелец.
Водолија (21.01 – 19.02)
Бидете потолерантни во кавгите, особено ако станува збор за некој Рак или Овен. Денес ќе ви помгоне некој Лав кој добро ве познава. Се подготвувате да ја освоите довербата од некоја Вага бидејќи очекувате да ви помогне во работата. Трудете се да бидете фер кон сите, а своите интереси ставете ги на прво место.
Риби (20.02 – 20.03)
Се трудите да се ослободите од некои непотребни нешта, а всушност сте подготвени себеси да се натоварите со некои нови обврски. Не влегувајте во бизнис со некој кој е исклучително упорен и сака да му бидете десна рака во бизнисот. Не би требало премногу да се надевате кога станува збор за соработка со некоја Водолија.