Овен (21.03 – 20.04)
Главните размислувања денеска се поврзани со тоа како да го подобрите буџетот. Свесни сте колку се трудите, а резултати нема. Сакате некоја додатна работа, но ќе мора и да штедите. Тешко ќе се снаоѓате со парите, а тоа ќе доведе до непријатни последици. Во емотивниот живот сакате, но и ќе ви биде возвратена љубовта, тоа ќе ве направи среќни.
Бик (21.04 – 21.05)
Пристрасно гледате на работите кои го окупираат вашето внимание. Пожелно би било да се посоветувате со некој за да најдете начин за подобро да функционирате. Ќе бидете загрижени поради застој во работата. Не се грижете бидејќи се работи за нормална појава. Некои од вас ќе имаат успеси во нешто многу важно.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денеска ќе се занимавате со решавање на финансиската ситуација и тоа преку некое наследство, осигурување спонзорства и сл. Ако склопувате договори или се занимавате со некој семеен бизнис завртете ја користа кон вас. Моменталните случувања ќе ви ги обноват вашите внатрешни залихи на енергија и самодоверба.
Рак (22.06 – 22.07)
Голем е притисокот за да можете да успете. Околината е помалку критички расположена спрема вас и спрема вашата работа и поставува прашања колку сте способни и вредни. Невработените ќе почуствуваат потреба за докажувње. Вашата материјална состојба е несигурна и подлежна на влијанија од страна и не можете да правите подолгорочни договори.
Лав (23.07 – 22.08)
Ве очекуваат несогласувања во односите со вашиот партнер. Ќе забележите дека недостасува малку топлина и внимание од негова страна. Воздржете се од било какви директни реакции и обидете се, да ја одржите рамнотежата. Исклучително поволните прилики на работното место, ќе придонесат да ги насочите мислите кон успехот во иднина.
Девица (23.08 – 22.09)
Состојбата на работното место е значително поволна. Активноста и енергичноста во решавањето на проблемите ќе ви биде на високо ниво. Односите со околината ќе ви се подобрат, но сепак бидете внимателни во барањата, бидејќи сите врати не ви се отворени.
Вага (23.09 – 22.10)
Не го полнете вашиот дневен список со многу задачи и обврски затоа што ве очекува еден не толку продуктивен ден. Иако имавте силна желба денес да расчистите голем дел од задачите кои ве очекуваат оваа недела, најверојатно ќе треба малку да ги одложите плановите. Добра вест е што ќе бидете многу креативни, па искористете го тоа до максимум.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Се трудите да го пронајдете најлесниот начин за да решите некој правен проблем кој би можел во голема мера да ве оптовари ако не му обрнете внимание. Верувате дека можете да се договорите со некоја Водолија околу нешто што е од двоен интерес. Можна е соработка со странци. Имате подршка од некое лице кое често го среќавате на големите собири.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Во попладневните часови ќе решавате некои финансиски проблеми или некои професионални дилеми со колегите или семејството. Ќе добиете вести од странство во врска со работата која би требало да ви помогне да заработите поголем профит. Денес избегнувајте ги семејните кавги.
Јарец (22.12 – 20.01)
Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни. Дружењето со Близнаците и Девиците е вистински мелем за душата. Очекувате среќна вест во врска со нешто што ви значи, најверојатно ќе ја добиете.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак во вечерните часови, можеби и со некој Лав или Јарец и со нив да ги поделите своите искуства во врска со работата во прватната компанија која на вас ви е многу драгоцена. Можна е добра вест во врска со пари. Понудата од некоја друга Водолија прифатете ја со резерва.
Риби (20.02 – 20.03)
Во врска со вашата работа ве очекува крај на некои ограничувања и почеток на успеси и задоволства. Проблемите кои сте ги имале ќе ги нема, а финансиската ситуација ви е многу поволна особено кај Рибите кои бараат подобро платена работа. Среќата е на ваша страна, максимално искористете го тоа.