Овен (21.03 – 20.04)
Избегнувајте деловно ривалство со личности кои имаат негативна репутација. Се наоѓате во емотивен расчекор, дилемата која се обидувате да ја решите повеќе зависи од нечија волја или влијание отколку од вас самите. Внимавајте на финансиите, трошите пари на незначајни ситници.
Бик (21.04 – 21.05)
Не дозволувајте овој ден да го поминете во домашна атмосфера. Ви препорачуваме повеќе движење, средби со пријатели и забава. Денот е поволен и за работи поврзани со вложување на интелектуален напор. Финансиите ви се одлични, а во љубовта чувствувате неверојатна среќа, искоритете го поволниот ден.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Сите активности ќе се базираат на чесност и искреност. Доколку забележите дека околината не се однесува исто кон вас, многу ќе ви биде тешко, но тоа нема да го покажувате ниту да реагирате. Едноставно ќе се повлечете. Дефанзивниот став ќе стане ваше правило.
Рак (22.06 – 22.07)
Ќе бидете разочарани од една ваша блиска личност. Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работно-финансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат. Сентиметалните односи ви се одлични ве очекува ден исполнет со љубов и разбирање.
Лав (23.07 – 22.08)
Надворешните проблеми не се толку тешки за да ве спречат во постигнувањето на вашите цели. Но сепак сметајте на намалена концентрација. Одлично ќе се разбирате со колегите и претпоставените. Во љубовните врски односите се заоструваат, а слободните треба да внимаваат со кого ќе започнат љубовна врска.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини, па затоа би требало да им посветите повеќе внимание. Емотивно сте стабилни и со одлично здравје.
Вага (23.09 – 22.10)
Ве очекуваат големи тешкотии на работен план во следниов период. Задоцнивте поради работите кои не сакате на време да ги видите и сега немате излез од оваа криза. Упатете се кон одредени луѓе кои знаат да ве советуваат. Само во тој случај ќе успеете да дојдете до нови решенија и складност помеѓу соработниците.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Хармонично ќе комуницирате со секого, дури и со лицата со терсене карактери, бидејќи со леснотија ќе ја бркате тензијата и ќе создавате услови за непречени дискусии. Ќе заведувате со шармантно изразување и попрефинети гестикулации.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Среќата постојано ќе ве следи во финансиска смисла, па затоа не треба да се оптоварувате. Се си доаѓа на свое место и во моментите кога мислите дека се е изгубено, нема да бидете свесни какви можности ве опкружуваат. Финансиската ситуација ќе стане доста поволна, но сепак не се опуштајте трошејки.
Јарец (22.12 – 20.01)
Внимавајте во љубовта ве очекуваат негативни промени. Препорачлива е консултација со доверлива личност за одлуките поврзани со вашето срце. На работното место се е по старо, и во блиска иднина нема да постојат промени. Незадоолството кое го носите во себе пробајте да го победите со малите нешта кои знаат да ве направат среќни.
Водолија (21.01 – 19.02)
Сите претставници на овој знак ќе мора да обрнат повеќе внимание на здравјето, бидејќи се можни проблеми. На љубовен план овој ден ви носи искушение на кое не треба да подлегните. Сега склопените љубовни врски можат да бидат без иднина, но сепак изборот останува на вас.
Риби (20.02 – 20.03)
Прифатете ги сите деловни понуди кои потекнуваат од странство. Успех им претстои и на оние претставници чија работа се состои од патување. Исклучителната раздвиженост во интимниот живот може да ви донесе популарност кај лице од спротивниот пол кое вие ќе знаете да го искористите иако врската можеби ќе трае кратко.