Овен (21.03 – 20.04)
Во последно време се сомневате во вашите соработници, но не само во соработниците туку и во вашите блиски пријатели. Не се заморувајте со рамизлувањата на околината, поставете си ги целите и чекорете кон нив. Зголемената нервоза негативно ќе се одрази на вшиот социјален живот. Обиете да се релаксирате преку вашето хоби.
Бик (21.04 – 21.05)
Многу работа, но и пофалби од претпоставените. Денес ќе добиете вистинско признание од нив. Внимавајте, вашите успеси, освен претпоставените, ќе ги забележат и непријателите. Можно е до вас да дојде некој муабет кој ќе ви го расипе расположението. Останете мирни и не размислувајте за злонамерните озборувања. Озборувањето е составен дел од секој успех
Близнаци (22.05 – 22.06)
Многу убав ден за вашата кариера. Ако во изминатиот период сте имале проекти со странство или со странци, денес ќе се уверите дека вашиот труд и сериозниот приод кон работата не останале незабележани. Во попладневните часови ве очекува некое изненадување од домашните. Вие сте веќе навикнати на изненадувања од нивна страна, но, секако, ќе бидете среќни затоа што се потрудиле околу вас.
Рак (22.06 – 22.07)
На работа опуштете се и сконцентрирајте се само на она од што живеете. Ситуацијата со финансиите ќе биде како и до сега, без нови добивки и неочекувани трошоци. Периодот е поволен за Раковите кои имаат приватен бизнис, но и за оние кои се на раководни позиции. Уживајте во поволниот период кој следи.
Лав (23.07 – 22.08)
Вие важите за знак што ги држи емоциите под контрола, но денес ќе бидете романтично расположени и ќе имате потреба да му кажете на партнерот што чувствувате. Денес и не само денес, ве очекуваат изненадувања во однос на финансиите. Внимавајте и не кажувајте ништо додека не се оствари, затоа што вашата фамилија веќе прави големи планови за реновирање на домот.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес, на работното место, атмосферата ќе биде мирна и опуштена, токму онаква каква што ви одговара. Можно е шефот да ви даде повеќе работа од досега. Не нервирајте се, тоа е поради тоа што во изминатиот период покажавте каков работник сте и дека може да се потпре врз вас. Освен работата, вашите мисли ќе ги обземе и еден Рак. Потрудете се да го освоите.
Вага (23.09 – 22.10)
Ако имате сопствен бизнис, денес е вашиот среќен ден. Ве очекува ненадејна добивка. Добивката нема да биде многу голема, но, сепак, е добивка. Парите, веројатно, однапред ги имате потрошено, но, секако, ќе ве израдуваат. Престанете да размислувате за однесувањето на партнерот и дајте му уште една шанса. Може да ви се случи да го изгубите и дури тогаш да сфатите што сте имале.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес ќе слушнете за некои промени во врска со работата, кои пријатно ќе ве изненадат. Вестите што ќе ги добиете, ќе ви го разубават денот и ќе ве направат многу среќни. Вечерта ќе сакате да ја одведете фамилијата во некој ресторан за да се заблагодарите за поддршката што ви ја дава. Одберете ресторан кој се наоѓа во близина на вашиот дом, таму ќе се чувствувате најдобро.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Имате револуционерни идеи, но како никој да не ги разбира. Денес ќе се обидете да им објасните на колегите што планирате за да ја унапредите работата, но тие повторно нема да ве сфатат. Не грижете се, времето ќе покаже дека сте биле во право. Во моментов, единствено партнерот ве поддржува. Можеби, затоа што добро ве познава и знае дека имате генијални идеи.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес сте насочени кон себе и своите емоции. Премногу сте чувствителни и мислите дека вашето семејство не може да се снајде без вас. Она за што навистина треба да се грижите е одговорноста што ја имате преземено на работното место. Работата навистина е одговорна и ќе ви одзема многу време, но, за ваша среќа, финансиските резултати нема да изостанат.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес сте во свој елемент, како и секогаш кога се наоѓате на работа. Додека сите празнуваа и не мислеа на ништо освен на забава, вие размислувавте како да ја унапредите работата, а со тоа и да ги подобрите финансиите. Денес ќе имате неколку телефонски разговори и ќе дознаете интересни информации. На повидок е нова зделка, а финансискиот резултат ќе го оправда вашиот труд.
Риби (20.02 – 20.03)
Немојте да се изненадите ако до вас дојде глас дека ви претстои интересна понуда за некој проект. Освен што понудата е интересна и ги задоволува вашите критериуми, таа ќе даде и одлични финансиски резултати. Нека не ве плаши работата и тоа што ќе морате да се снајдете со поинакви методи од оние што сте ги применувале до сега. Ќе имате помош од еден член од фамилијата и од еден пријател.