Овен (21.03 – 20.04)
Утрото може да ви биде бурно, особено ако ја барате правдата и сакате на секој да му кажете во лице се што мислите. Една Водолија или некој друг Овен поради тоа нема да се лутат, но некој Јарец, Шкорпија, Бик или Вага можат да бидат преосетливи и погрешно да го сфатат вашиот коментар. Не се нервирајте премногу поради коментарите на еден Рак.
Бик (21.04 – 21.05)
Поволен ден за повеќето претставници на вашиот знак ако сте во соработката ориентирани кон Рибите или Ракот. Верувате во добрите намери на еден Јарец кој се обидува да ви помогне да ги решите финансиските проблеми. Не влегувајте во расправија со претпоставените, особено не со оние кои не се подготвени да ги прифатат вашите коментари, предлози и сугестии.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Пред очите на јавноста однесувајте се дипломатски. На некои од вас на памет ќе им дојдат многу сериозни идеи. Бидете внимателни со кого соработувате, некој во вашиот круг на соработници сака да направи проблем. Посветете му поголемо внимание на семејството. Вашиот партнер има потреба одвозвраќање на љубовта.
Рак (22.06 – 22.07)
Нема да имате проблеми со изразувањето на своето мислење меѓутоа тоа што секој пола час ќе имате друго мислење за иста работа, тоа веќе е друг проблем. Во потрага за различни настани досадата ќе ви биде најголем противник, а против неа ќе се борите забавувајќи се самите себе со најразлични ситници.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе морате мирно и сталожено да ги анализирате сите задачи кои себе си сте си ги поставиле. Бидејќи ќе сакате да слушате музика и да водите празни разговори може да се случи од сите понудени прилики да ја изберете онаа најлошата – одложување на обврските.
Девица (23.08 – 22.09)
Хармоничните односи со партнерот ќе бидат причина за одбегнување на сите обврски, дури и оние кои не можат да се одложат. Преиспитајте ги постапките, лесно можете да заработите негативни поени од претпоставените. Некој пријател ќе побара голем совет од вас, внимавајте каков заклучок изнесувате пред него.
Вага (23.09 – 22.10)
Обидете се да не влегувате во судири со околината и да пронајдете внатрешен мир. Тоа не ви е баш јака страна, но бидејќи сте паметни и знаете што сакате ќе успеете да ја пребродите слабоста. Постои опасност да ви бидат украдени некои финансиски средства и документи, па затоа внимавајте каде ги оставате вашите лични работи. Невнимателноста скапо ќе ве чини.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ќе се занимавате само со работи од кои имате некаква корист, односно видлива добивка. Иако околината мисли дека не сте себични, вие понекогаш знаете да бидете такви. Обидете да се ослободите од оваа особина. Со Близнаците се можни судири на мислења.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Во прв план ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот и образованието. Ќе имате многу контакти со соседите или роднините. Денот е одличен за шетање. Било каква интелектуална работа нема да ви предизвикува проблеми. Некој ќе побара финансиска помош од вас.
Јарец (22.12 – 20.01)
Изразени се желбите за заработка и уживање во материјални богатства. Настојувате да ја прикриете вашата амбиција, бидејќи може да нагазите на мина. Не брзајте никаде, туку застанете и погледнете околу себе. Ќе одиграте многу важна улога во решавањето на некој проблем во вашето семејство.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе бидете комуникативни, расположени и креативни. Доколку сте возач, можни се проблеми во сообраќајот, бидејќи концентрацијата нема да ви биде најдобра. Некој ваш колега на многу успешен начин ќе може да ве извади од такт, па бидете внимателни.
Риби (20.02 – 20.03)
Одличен ден за започнување со нова работа, или некакво усовршување. Сите ваши напори за развивање и подобрување на вашите знаења и умеења ќе бидат успешни, а секако дека ќе ви донесат и успех. Финансиската ситуација ви е доста нестабилна, па можеби ќе бидете загрижени поради тоа.