Овен (21.03 – 20.04)
Она за што сонувате би можело да се случи, особено во врска со некој страствен знак како Шкорпија или Јарец. Можна е тајна врска со некој кој го среќавате во деловните кругови или ако имате намера некаде заедно да патувате. Средновечните претставници на овој знак можат да се надеваат на додворување од страна на некоја влијателна личност.
Бик (21.04 – 21.05)
Околностите ќе ве поттикнат на промени во однесувањето, при што најсилни сојузници ќе ви бидат енергијата и вербата во себе. Денот ќе го поминете во тесна комуникација со другите. Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Пред очите на јавноста однесувајте се дипломатски. На некои од вас на памет ќе им дојдат многу сериозни идеи. Бидете внимателни со кого соработувате, некој во вашиот круг на соработници сака да направи проблем. Посветете му поголемо внимание на семејството и вашиот партнер.
Рак (22.06 – 22.07)
Интересно ви е флертувањето само за проверка на својата умешност. Сватете дека врската во која се наоѓате можеби е она што го сакате. Ако сте сами ве чека интересно познанство. Ќе имате среќа во работите во кои ви е ограничен пристапот.
Лав (23.07 – 22.08)
Убаво разгледајте ја целата ситуација пред изработувањето на планот. Поради денешните должности воопшто ќе немате време за забава. Многу важно во моментот е да соработувате и да ги послушате советите од поискусни луѓе.
Девица (23.08 – 22.09)
Моменталниот застој на работен план ќе биде причина за привремено влегување во слепа улица. Не ќе можете да чекате, сакате брзо да живеете и ќе бидете склони кон авантуристични потези. Можеби ќе добиете понуда за патување во странство.
Вага (23.09 – 22.10)
Некои пари кои сте ги очекувале би требало да пристигнат. Спротивниот пол ќе покажува зголемено интересирање за вас.На работното место ќе се впуштите во ризична инвестиција и покрај некои забрани и предупредувања од соработниците.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Вашата популаност во друштвото ќе порасне, а љубовната врска ќе достигне нови продлабочени димензии. Посветете и се и на работата, извршувајте ги задачите. Наскоро ќе излезе нешто од што ќе профитирате, па ќе имате можност на тој начин да ги исплатите вашите долгови.
Стрелец (22.11 – 21.12)
На работното место од вас ќе се очекува да бидете креативни, при што со задоволство ќе влезете во новата работна обврска. Можно е да почувствувате исцрпеност, но тоа е како резултат на вашите грижи и ангажирања. На емотивен план се оди како што сте замислиле.
Јарец (22.12 – 20.01)
Би било добро да се потрудите со партнерот да пронајдете заеднички јазик за некои важни прашања кои се однесуваат на организацијата на вашиот живот. Ќе имате можност да се сретнете со некоја Вага или Бик и можно е заедничко излегување. Ако сте во долга врска или во брак, големо влијание на вашиот партнер има еден Рак.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес и во следните неколку дена имате мотиви и енергија да започнете со реализација на планови и идеи кои ги имате доста долго во умот и чија реализација секако ќе ви предизвика доста задоволства и среќа. Имате енергија и успешноста е правопропорционална со мотивите кои ве туркаат напред.
Риби (20.02 – 20.03)
Ова би можел да биде возбудлив ден за оние кои работните обврски не ги завршиле во текот на работните денови, така вашиот ден ќе биде исполнет со гужви, трчаници и борба со времето. Овој период ќе бидете чувствители кога станува збор за работата, мислите дека вашите шефови не го ценат вашиот труд доволно. Штедете пари, наскоро ќе се појави можност за добра инвестиција.