Лидерот на “Левица“, Димитар Апасиев преку објава на Фејсбук, реагираше на неодамнешните изјави на премиерот Зоран Заев за мнозинството во Собранието.
Според Апасиев, во учебниците по политологија, треба да се воведе нов термин „заевистичко мнозинство“.
„Предлагам, во учебниците по политологија, да се воведе нов термин ЗАЕВИСТИЧКО МНОЗИНСТВО. Тоа ти е политички феномен: мнозинство кое истовремено ем го имаш, ем го немаш!?
За разлика од КОСМОДИСК ДЕМОКРАТИЈАТА на Џоле Иванов, заевистичкото мнозинство само изгледа шашаво, ама не делува“, стои во објавата на Апасиев на Фејсбук.