Овен (21.03 – 20.04)
Денеска можат да ви се случат неочекувано важни настани што ветуваат поволен исход. Добивате деловна сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити. Вашите деловни соработници ќе посакаат да ја продолжат соработката со вас, обидете се да ги уверите дека нивната одлука е правилна.
Бик (21.04 – 21.05)
Судири предизвикани со нечија критика би можеле да ве доведат во поголем проблем. Ако ви се случи ваква ситуација, немојте веднаш да реагирате. Набргу ќе ви се појават подобри влијанија кои ќе ви донесат разни видови договори и компромиси. Можен е важен деловен договор. Како што одминува месецот ве очекуваат се подобри и подобри случувања.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Повеќето припадници на овој знак ги придвижува желбата за докажување и успех. И самите чувствувате дека се менуваат односите во деловното опкружување, а вие сте тука некаде дали со знаење, или со издржливост. Влеговте во еден подолг период кој ќе доминира и во наредните два месеци кога би требало да го остварите својот деловен сон. Повторно ви се дава можност да добиете подобро работно место или место на кое сте работеле и сте биле задоволни.
Рак (22.06 – 22.07)
За успешната соработка заблагодарете и се на енормната количина шарм која ви помага да ги совладате сите препреки. Колегите немаат срце да ве одбијат, но внимавјате и не ги искористувајте за да ја работат вашата работа. Имате можност за нова соработка која може да ви донесе поголеми приходи.
Лав (23.07 – 22.08)
Периодот е одличен за работа, учење, а лош за соработка. Не се откажувајте од трговијата, склопување договори, книжевна работа и други активности. Знаете што сакате и јасно се стремите кон целта, иако со вас многумина не се сложуваат. Новите деловни потези се придружени со ново вложување. Нема заработка без ризик. Овој пат ризикот е минимален.
Девица (23.08 – 22.09)
Одличен ден за склопување договори и за деловни реформи. Се ќе биде поуспешно отколку што замислувавте. Тешкотиите при воспоставувањето на контактите со околината се последица на пречувствителноста. Некој ќе побара финансиска помош од вас, внимавајте на неговите ветувања, можеби не се толку реални како што ви изгледаат.
Вага (23.09 – 22.10)
Лав, Рак или Јарец ќе очекуваат нешто од вас и тоа со полно право бидејќи вие им должите. За многу работи за кои сте размислувале не сте така заинтересирани како во претходниот период. Кога денот ќе привршува, вашите амбиции ќе бидат се поголеми во врска со работата која треба да ја обавите во јавност, бидејќи ќе проработи вашиот натпреварувачки дух. Сепак, подобро би било повеќе да се одморите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Морате сами да се изборите со проблемите што ви се натрупуваат и тоа многу брзо. Бидејќи често се наоѓате во слични ситуации, обидете се да не ја префрлате вината на друг. Внимавајте на парите, не ги трошете залудно, само што започна месецот. Ќе бидете повеќе од подготвени за учество во некои нови проекти.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Знаете што сакате и јасно се стремите кон целта, иако со вас многумина не се сложуваат. Новите деловни потези се придружени со ново вложување. Наредните денови ве очекуваат дополнителни активности, од кои во меѓувреме се одвикнавте. Сето внимание е насочено кон тоа да ги исполните што поодговорно и поуспешно. Парите кои очекувате да ви бидат вратени, можеби малку подолго ќе ги почекате.
Јарец (22.12 – 20.01)
Најавени ви се ненадејни промени кон подобро. Ако успеете да го испрочитувате договорот со својот шеф, ќе влезете во исклучително активен период кој бара поголема одговорност и ангажман. Во спротивно кон крајот на месецот очекувајте сериозни критики. Почетокот на деловни активности, промена на работата а сето тоа позитивно ќе делува на вас.
Водолија (21.01 – 19.02)
Вашите конструктивни предлози не предизвикуваат возбуда кај вашиот партнер, особено ако имавте намера некаде заедно да патувате или да се вклучите во проект за кој тој не е сигурен дали е заинтересиран или не. Дајте му време да сфати што сака и не вршете притисок врз него преку членовите на семејството.
Риби (20.02 – 20.03)
Би било добро да се потрудите со партнерот да пронајдете заеднички јазик за некои важни прашања кои се однесуваат на организацијата на вашиот живот. Ќе имате можност да се сретнете со некоја Вага или Бик и можно е заедничко излегување. Ако сте во долга врска или во брак, големо влијание на вашиот партнер има еден Рак.