СЕПАК НЕМА ДА ПЕЕ ЗА НУЛА ДЕНАРИ: Дино Мерлин во Скопје за Нова година за 100.000 евра

by Тони Зографски

Според српските медиуми Дино Мерлин за Нова година на скопскиот плоштад ќе пее за хонорар од 100.000 евра.

„Курир.рс“ги објавија хонорарите на балканските ѕвезди за новогодишната ноќ. Така, покрај Дино Мерлин најмногу ќе добие Здравко Чолиќ кој исто така за една вечер ќе инкасира 100.000 евра.

Инаку, организатор на настапот на Дино Мерлин за новогодишната ноќ е град Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов на промоцијата одржана пред два месеци изјави дека неговата упорност била пресудна Мерлин да се согласи за Нова година да пее во Скопје. Според Шилегов, настапот на босанскиот пејач Град Скопје ќе го чини нула денар.

останати вести