Овен (21.03 – 20.04)
Ќе посакате сите обврски да ги завршите сами, но навистина ќе ви биде потребна помош за тоа. Побарајте помош од некој многу близок пријател, тој навистина нема да ве осуди за тоа. Ќе имате проблем и несогласување во семејството, редно време е да го промените однесувањето кон најблиските.
Бик (21.04 – 21.05)
Денешниот ден ќе ви донесе мали и ситни, но прекрасни моменти. Од денес се одлучивте нешто да промените во љубовта, а тоа нешто ќе ви донесе позитивни резултати. Поддршката во тешките мигови побарајте ја од партнерот и семејството.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе се двоумите што прво да направите и кои обврски да ги завршите, но сепак свесни сте дека се треба да е завршено. Денес одложете го уживањето и одморот и посветете им се на обврските. Наскоро ќе бидете парично наградени за вашите залагања.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес ќе имате огромна среќа, па затоа пожелно е да играте некоја игра на среќа, најверојатно ќе добиете награда. Околината, поточно семејството ќе ви бидат поттик и подршка за да чекорите храбро во бурниот живот. Денес ќе слушнете некоја позитивна вест.
Лав (23.07 – 22.08)
Сакате се да биде по ваше, а сакате и вашето мислење да делува како најдобро. Тотално грешите и можно е само да си направите проблеми и на работа и дома. Прилично сте тврдоглави и чудни за околината. Пробајте да смените нешто на себе. Потезите во љубовта ви се очајни.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес премногу ќе се израдувате на туѓата среќа, некој ваш пријател ќе добие нешто вредно, а вие ќе бидете многу радосни. Тоа ќе го зголеми вашето пријателство бидејќи вие како и секогаш ќе докажете дека мислите и на другите и не сте себични. Можна е кавга во семејството, згаснете го огнот, смирете ја ситуацијата.
Вага (23.09 – 22.10)
На работното место блескате, речиси се ви е завршено и подготвено го чекате моментот некој да ве пофали. Во љубовниот живот е малку драматично, не можете да дознаете дали навистина ја сакате личноста со која сте заедно, се некако ви се чини дека врската нема смисла. Оние слободните не се во поволен период за нова љубов.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ќе сакате да постигнете шест работи одеднаш, а тоа скапо ќе ве чини, бидејќи ниту една нема да биде точна. На рабтното место ќе добиете критики, а во домот ќе се појават расправии. Ова е неповолен период за истакнување, седете настрана.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес ќе посакате некаде да отпатувате и да се осамите. Сами со себе да се договорите што ќе правите понатака и во приватниот и деловниот живот. Но пријателите нема да ве остават да тагувате, па затоа во попладневните часови очекувајте некое изненадување од нив. Во љубовта ситуацијата е тешка, но може да се поправи.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес најверојатно ќе бидете малку нервозни, но сепак денот ќе биде еден просечен нормален ден во кој ништо посебно не се случува, па можеби тоа ќе ја создаде нервозата. Ќе имате потреба од забава, но работата ќе ви покаже дека е редно време да и се посветите посериозно.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе се чувствувате удобно во своја кожа, а тоа е така бидејќи бележите успеси на повеќе полиња. Ова е поволен период за секакви активности. Во љубовта работите се менуваат на подобро, а тоа на вас ќе ви донесе дополнителна среќа. Овој ден за вас ќе биде уште еден успешно поминат ден.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе забележите одлични резултати на работен план, ќе ги завршите сите натрупани обврски и ќе најдете време дури да им помогнете и на колегите. Нешто кај вас поттикнува позитивни промени. Ќе бидете повикани на забава каде ќе бидете лицето кое ќе ги насмее сите.