Овен (21.03 – 20.04)
Оптоварени сте со размислување за нешто што всушност веќе започнало и не можете на него да влијаете. Денес сте особено сентиментални кон блиските лица кои имаат многу проблеми. Напорен ден бидејќи треба да се организирате добро за да стигне навремено да ги извршите сите обврски кои ви се доделени. Ако сте млади, шефот ќе ви ја довери работата во поголема мера отколку што мислите.
Бик (21.04 – 21.05)
Некој ви дава нејасни ветувања особено кога станува збор за работа со оние кои соработуваат со странци. Ќе добиете прилика да се докажете пред некој Овен или Лав дека тие треба да ја прифатат вашата понуда, особено кога станува збор за научен проект. Се трудите да покажете разбирање за оние со кои работите, но најверојатно ќе барате многу повеќе од нив.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Се чувствувате способни да направите многу нешта кои сте ги пропуштиле во минатото и веројатно, особено ако сте во зрелите години, сето тоа ќе успеете да го остварите со мала ангажираност или поинаков стил на живот. Имате голема поддршка од вашиот партнер. Добро ќе ви дојде некоја средба со Лав. Сакате да се ангажирате во некоја нова работа.
Рак (22.06 – 22.07)
Барате вистински соработници, оние кои ви се по волја, можеби некој близок член од фамилијата. Можна е средба со некој кој сте го запознале во странство пред неколку години. Имате можност да изградите одличен однос со некоја Водолија која е на висока позиција.
Лав (23.07 – 22.08)
Не се расправајте со некој кој можеби не го познавате доволно или со некој со кој не сте во добри односи, особено ако станува збор за Рак или Бик, бидејќи ќе ја изгубите битката. Ви претстои успешна соработка со еден Јарец, Риби или Девица. Трудете се да не бидете најголемиот песимист во друштвото, ќе бидете осудени за тоа.
Девица (23.08 – 22.09)
Ако денес сте натпреварувачки настроени, бидете сигурни дека тука се крие тајната за успехот. Трошите енергија нервирајки се за неважни прашања и проблеми кои можете и сами да ги решите наместо да се потпирате на некој Рак или Стрелец. Ако се занимавате со спорт, уметност или дипломатија, ви претстои голем успех.
Вага (23.09 – 22.10)
На некој особено му е важно да ве придобие и ќе биде многу директен во предлозите во врска со идната заедничка работа. Сакате да добиете на време кога станува збор за соработката со некој Бик. Не се нервирајте за нешто што сте го слушнале во разговорот со некоја Водолија, таа само сака да ве испровоцира. Ќе добиете доказ за нечија лојалност на малку чуден начин.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Веројатно ќе добиете прилика да го водите разговорот кој ви го закажал вашиот надреден и кој е важен за вашето деловно докажување. Ако сте ги чекале своите пет минути, сега е време да ги искористите поволните случувања и да завладеете во вашиот сектор. Постои можност да добиете некоја награда или пари на игрите на среќа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Еден Бик или Риба можат да ви донесат прекрасна вест за пари и не би требало да ја прекинете соработката со нив бидејќи тие се многу важни за вашите планови. Не навлегувајте во непотребни расправии со некој Овен кој се однесува како да незнае што сака. Ова е напорен ден бидејќи можно е да се сретнете со оние кои некогаш многу ве повредиле.
Јарец (22.12 – 20.01)
Одличниот аспект меѓу Венера и Уран не се рефлектира на вас најдобро, особено не ако често имате впечаток дека неправедно сте критикувани или дека сте предмет на завера. Ќе бидете склони на претерување во се што ќе се случува. Сепак, постои начин да ги поправите грешките.Побарајте помош од партнерот.
Водолија (21.01 – 19.02)
Поволен ден ако се занимавате со работа преку која доаѓате во контакт со многу луѓе, ако се занимавате со спорт или уметност денес ќе забележите одлични резултати. Обидете се да бидете оптимисти дури и во ситуациите кои не се така сјајни. Некоја блиска личност ќе биде вашата најголема мотивација.
Риби (20.02 – 20.03)
Одличен ден за оние кои сакаат да се докажат во работата која бара креативност и подготвеност во секој поглед, како и големо жртвување. Одлично ќе ви оди комуникацијата со непознати лица или со лицата од маркетинг секторот. Верувате во добар исход на работите кои во моментов ви изгледаат прилично напорни и веројатно имате впечаток дека вие сте главното и одговорно лице.