Овен (21.03 – 20.04)
Денес малку потешко ќе се концентрирате на важните работи. Планетарната енергија околу вас е прилично лукава, па може да ве принуди на нешто неочекувано. Расположени сте за љубов и сакате секогаш совршено да изгледате пред партнерот.
Бик (21.04 – 21.05)
Вашиот талент и вашата деловна етика ги фасцинираат луѓето околу вас. Без оглед дали ќе забележувате, лицата околу вас ќе ви се восхитуваат. Денешната планетарана енергија ќе ви даде сила да бидете многу подобри од претходно.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Некој ќе ве повика да му помогнете, а вие наместо навистина да му помогнете, ќе започнете со фалби. Тоа ќе ја изнервира околината која може да го промени мислењето за вас. Иако сакате да бидете во центар на вниманието, ќе бидете запоставени, и тоа со право.
Рак (22.06 – 22.07)
Љубовта и страста се на врвот од вашите желби денес. Работата лесно ќе ви оди, па така лесно ќе се справите со состаноците кои ви се закажани за денес. Ако е можно вечерните часови поминете ги покрај партнерот, со чаша добро вино и нормално романтика, тоа ќе ве разнежни и ќе ви ја врати позитивната енергија.
Лав (23.07 – 22.08)
Искористете ја одличната енергија која ве опкружува. Изненадете ги драгите лица со готвење на нивната омилена храна, средете ги вашите работи во домот и организирајте пријатно дружење. Се останато ќе се одвива по природен пат.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес би требало да ја искористите вашата уметничка идеја во деловна смисла. Ќе имате прекрасни идеи. Можно е да му се постветите и на домот, односно на неговото уредување. На вашите фантазии ќе им нема крај. Се ќе ви оди од рака, само напред.
Вага (23.09 – 22.10)
Денес би можеле да ви недостигаат пријателите и роднините кои не живеат блиску до вас. Стапете во контакт со нив и кажете им колку ви значат. Денот ќе ви биде разубавен, а вие ќе се наполните со позитивна енергија и оптимизам.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес или ќе добиете повеќе пари или повеќе слободно време на кое не сте сметале. Искористете го неочекуваниот подарок и уживајте. Ако станува збор за пари, вложете ги во себе. Доколку станува збор за слободно време, исто така, направете во тоа време нешто убаво само за вас.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денешниот ден е создаден за стекнување на нови пријатели. А вашата желба за авантура ќе ве одведе токму во таа насока. Ќе бидете самоуверени и на некој начин ќе бидете магнет за нови пријатели. Ќе се наполните со позитивна енергија, која од одамна ви недостасува.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ова е многу духовен ден за вас. Особено сте интуитивни па тоа ќе се одрази на се што ќе правите. Обидете се да се изразите преку некоја уметност. Дури и ако мислите дека немате никаков талент, сигурно постои нешто длабоко сокриено во вас. Изразете се на убав начин.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес е идеален ден за романтика. Доколку сте во врска ќе ја продлабочите, а ако сте слободни ќе се најдете во друштво на интересна личност која сериозно ќе ве заинтересира. Правете ги работите во друштво, така се полесни. Ќе уживате во секој момент.
Риби (20.02 – 20.03)
Имате добро срце, а денес ќе имате прилика да го покажете тоа пред сите. Ќе бидете емотивно поврзани со сите на кои им е потребна некаква помош. Тоа длабоко ќе влијае на вас, а помошта која ќе ја делите околу вас ќе ве разнежни. Одличен ден исполнет со солзи од среќа.