Овен (21.03 – 20.04)
Ќе добиете повик од личност која долго време не сте ја слушнале, а сте имале некакви заеднички планови поврзани со работа. Ќе се чувствувате способни да тргнете во нова акција, како и да ги промовирате идеите, талентот или нешто во што се исклучително добри. Денес не земајте кредити и не позајмувајте пари.
Бик (21.04 – 21.05)
Многу убав ден, особено за оние кои во подзнак имаат некој земјен знак, а особено истакната е Девицата. Можете да бидете успешни и ако вашиот подзнак е Рак. Ќе добиете повик да е сретнете со некој кој ќе може да ви оствари некоја желба која се однесува на странство. Ќе добиете вест за пари. Имајте доверба во еден Јарец.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Започнете го денот со ситни задачи. Сериозните ќе бараат многу повеќе концентрација и претежно самостојна работа без мешање од страна. Избегнете ги несаканите контакти. Семејството очекува премногу од вас, не се разочарувајте.
Рак (22.06 – 22.07)
Премногу очекувате од моменталната ситуација. Морате да заземете практичен став кон проблемот. Вие сте личност која има смисла за конкретни работи. Кога е така, тогаш однесувајте се според тоа. Морате подобро да ги проценувате луѓето, за подоцна да не се каете. Помалку озборувајте.
Лав (23.07 – 22.08)
Нетрпеливи сте и постојано го менувате вашето мислење, расположение, правите тактика како да се поставите во ситуација во која реално имате на кого да се потпрете. Ја користите слабоста на другите за да успеете да ги истакнете своите квалитети.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес околината и пријателите иритирачки ќе се постават кон вас.Во некоја чудна ситуација ќе западнете уште од рано сабајле. Потрудете се да останете мирни и да реагирате брзо. Не дозволувајте да ве убедуваат да купувате нешто за кое немате потреба.
Вага (23.09 – 22.10)
Ви претстои успешно ново пријателство. Ќе биде со претставник на спротивниот пол, кој ќе ви понуди добар начин на кој ќе заработувате. Прифатете го. Денот ќе ви биде совршен, семејството и пријателите ќе ве фалат во секој миг.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денот ќе ви започне со конфликт дома. Причината ќе биде поврзана со финансиите, поточно со нечие неразумно трошење на парите на семејството. Не донесувајте конечни одлуки, внимавајте на одлуките.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денот ќе ви биде исполнет со впечатоци, но и ќе биде многу напорен. Придржувајте се до идеите и мислењето на вашиот сакан, и да не ви се допаѓаат во моментот, на крајот ќе се покаже дека тие биле вистинска одлука.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе немате причини да се жалите од днешниве настани. Проблеми можете да си креирате сами ако трошите многу. Овие трошоци можат да остават негативно влијание врз вашите финансиски средства на подолг период.
Водолија (21.01 – 19.02)
Премногу несериозно се однесувате, вашата работа, приватниот живот и семејството го чувствуваат тоа. Мора да пронајдете нова метода за успех, оваа вашава е тотално погрешна. Инвестирајте во работата, ќе дојде време кога ќе имате големи приходи од неа.
Риби (20.02 – 20.03)
Не правете никакви ризици поврзани со пари. Ниту со сопствените, ниту со туѓите. И внимавајте на имотот. Проверете дали сте заклучиле откако ќе излезете. Можно е да искусите некоја екстремна ситуација.