Овен (21.03 – 20.04)
Денес можеби ќе се разочарате од некој ваш пријател, кој ќе биде зафатен кога ќе побарате некаква помош од него. Не очајувајте, вдишете длабоко, и пробајте да го решите проблемот сами. Доколку не можете, обратете се на друга личност.
Бик (21.04 – 21.05)
Како и секогаш, па така и денес коректно ќе ги извршите сите задачи кои ќе ви бидат доделени, а можеби и ве очекува бонус за сработеното. Посветете повеќе внимание на семејството, бидејќи во последно време бевте премногу отсутни поради вашата работа.
Близнаци (22.05 – 22.06)
За денеска, планетите се така распоредени, што во текот на целиот ден ќе чувствувате позитивни вибрации. Не сфаќајте ги толку сериозно коменарите на вашите пријатели, тие само го сакаат најдоброто за вас.
Рак (22.06 – 22.07)
Работите на професионално поле полека се подобруваат. Денес можеби ќе имате можност да почеток на некој нов проект, но добро размислете дали ќе можете да го реализирате до крај. Во вечерните часови релаксирајте се дома гледајќи некој филм.
Лав (23.07 – 22.08)
Уште еден ден со проблеми на работа. Ако очекувавте овој ден да ви донесе успех, тогаш откажете се од таа идеја. Едноставно, пробајте да го истуркате денот најдобро што можете, а утре е веќе нов ден, со нови исполнувања.
Девица (23.08 – 22.09)
Доколку не сте во врска, оваа вечер е совршена за да го промените тоа. Доколку се состанувате со некоја личност предложете и да преминете на наредното ниво. Не се грижете за секојдневните проблеми, нив секој ги има.
Вага (23.09 – 22.10)
Очекувајте мала сума на пари која дополнително ќе ви го разубави денот, а вечер, среќата ќе ви ја донесе некоја посебна личност. Не двоумете се премногу и отидете на забавата на која ве викаат пријателите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Можеби нема да ви оди во љубовта, но затоа се тука пријателите. Тие ќе направат такви планови, што ќе заборавите на се негативно. Прошетка со пријателите до друг град звучи интересно, нели?
Стрелец (22.11 – 21.12)
Не двоумете се, соберете храброст и јавете и се на личноста на која мислевте изминатиов период. Поканете ја на кафе и видете што ќе ви каже. Ако оди се според планот, тогаш збогувајте се со сингл периодот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Некоја кавга во семејството значително ќе ве загрижи и ќе направи да се чувствувате тажно. Наместо да тагувате и да седите дома, излезете и уживајте со сончевите зраци. Рекреативна прошетка во природа добро ќе ви дојде.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не бидете тврдоглави и почнете да му верувате на партнерот. Ако не ви се јави еден ден, не значи дека ве изневерува. Очекувајте емоционална средба со некој пријател што долго не сте го виделе. Внимавајте на вашето здравје.
Риби (20.02 – 20.03)
Новиот развој на настаните во врска со романтичната страна на вашиот живот има добро влијание на вас. Една работна обврска ве одвлекува од приватниот живот. Што побрзо ја завршите ќе можете повторно да продолжите по старо.