Овен (21.03 – 20.04)
Ќе истражувате и ќе пребарувате по некои податоци за да дознаете информации за некои минати работи. Ова е период кога ќе се сретнувате со некои стари пријатели. Не преземајте нови проекти, туку размислете ги подобро идеите и случувањата кои ги имате во моментот. Внимавајте, можно е да не бидат правилно разбрани вашите пораки.
Бик (21.04 – 21.05)
Комплиментите што ги добивате ве наведуваат на погрешни емотивни очекувања. Одлично се снаоѓате во ситуација кога треба да се донесе важна одлука од заеднички интерес и затоа умеете правилно да се наметнете пред соработниците. Колку и да изгледа примамливо некоја понуда, размислете за последиците доколку ја прифатите.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате многу пријатели но исто толку и непријатели. Првиот ден од викендот ќе го поминете во телефонски разговори со соработниците. Заедно со нив ќе се обидете да откриете кој стои зад проблемите кои моментално ги имате. Вечерта ќе ја поминете со саканата личност во некое кафуле. Не искажувајте ја љубовта преку купување скапи подароци.
Рак (22.06 – 22.07)
Овој викенд ќе сакате да го поминете со партнерот на некое романтично патување. Тоа би бил ваш подарок со кој би му покажале колку ви значи. Но, ќе имате дилема поради тоа што мислите дека чувствата не ви се возвратени. На крај сепак ќе решите да дадете се од себе за врската да успее и ова да биде нов почеток.
Лав (23.07 – 22.08)
Денес колегите ќе бидат изненадени од сериозноста на новата работа која ќе им ја предложите. Вие ги имате разгледано сите аспекти на планот и немате најдено ниеден недостаток. Со овој план ќе му докажете на вашето опкружување дека сте подготвени за нови почетоци и дека сте некој на кого ќе можат да се потпрат.
Девица (23.08 – 22.09)
Имате некои планови, но многу често ги менувате. Денес ќе добиете сериозна идеја која, секако, ќе мора да ја реализирате. Во попладневните часови ви претстои познанство со една личност која ќе ви ги разбуди емоциите. Не сте сигурни што мисли таа за вас, но сепак, вреди да се обидете.
Вага (23.09 – 22.10)
Во текот на денот ќе добиете помал прилив, но тоа нема да ги реши вашите потреби. Саканата личност има план кој и на двајцата ќе ви овозможи нови почетоци. Време е да ја послушате, и заеднички да ја разработите идејата. Планот ветува сигурност, а тоа ви е повеќе од потребно.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Попладнето ќе имате интересен разговор со саканата личност. Многу ќе бидете изненадени од нејзиното размислување. Досега мислевте дека таа само сака да премости еден тежок период и не размислува за заедничка иднина. Меѓутоа, таа има сериозни планови. Ќе искусите голема среќа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Имате сериозна потреба да го смените работното место и да внесете некои новини во вашиот живот. Денес ќе добиете ненадејна можност да го сторите тоа. Понудата ќе дојде од еден ваш пријател. Тој ќе ви понуди нови почетоци и стабилност. Сето тоа малку ќе ве вознемири, затоа што се работи за нешто конкретно, и брзо ќе морате да донесете одлука.
Јарец (22.12 – 20.01)
Вашето незадоволство од партнерските односи ќе ескалира и ќе побарате објаснување. Вие сакате сигурност и стабилност во односите, но партнерот не е во состојба да ви го овозможи тоа. Обидете се да си ги стабилизирате емоциите и да не дозволите да ви се наруши мирот. Ако сте невработени, денес можете да добиете конкретна понуда.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес ќе бидете емотивни и ќе имате потреба да го задоволите семејството. Ќе сфатите дека одамна не сте се однесувале пријателски и оти ви недостига разговор со нив. На работното место ќе се однесувате таинствено. Имате план како да ја подобрите ситуацијата на работа и да внесете поголема стабилност во меѓусебните односи. Меѓутоа, за да дејствувате, потребни ви се некои гаранции, кои се уште ги немате.
Риби (20.02 – 20.03)
Потребна ви е материјална сигурност, а досегашниот начин на работа не ви го овозможуваше тоа. Денес ќе се обидете да направите план за некои нови почетоци. Планот ви е сериозен и ќе ви донесе стабилност. Досега молчевте и остававте колегите да ја водат играта, но сега ќе морате да се изборите за својата идеја. Таа ќе ви донесе, освен материјална, и психичка рамнотежа.