Овен (21.03 – 20.04)
Ќе се почувствувате празно и безволно. За среќа таквото расположение нема долго да трае. Односите со луѓето нема да бидат без проблеми и несмеете да се обесхрабрите од недоразбирањата кои ќе ги има доста и ќе ви изгледаат како непоправливи. Во работниот живот нема да се случат промените кои сте ги очекувале. Ќе треба да причекате.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе морате денеска сериозно да се посветите на вашата работа, бидејќи ќе имате малку зголемен број на обврски. Ќе морате да бидете поеластични со деловните партнери и соработниците. Во љубовта ве очекува напорен ден, бидејќи вие и вашиот партнер нема да имате исто мислење. Не се нервирајте, работите ќе бидат онакви какви што сте ги замислиле.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе знаете да го цените тоа што го имате и ќе можете да го извлечете најдоброто од моменталните односи. Претставниците кои се во сериозни врски ќе имаат причина за задоволство. Некои од вас особено оние слободите ќе гледаат со недоверба во средбата со една интересна личност од спротивниот пол.
Рак (22.06 – 22.07)
Многу ќе се грижите за сигурноста на вашето работно место и задржувањето на постоечките позиции. Ви треба помошта од другите за да можете да ги реализирате вашите планови. На слободните претставници им се нудат краткотрајни авантури.
Лав (23.07 – 22.08)
Настојувајте да го одложите решавањето на некој проблем. Ќе мора да бидете многу внимателни за да можете да го постигнете тоа што го сакате со што помалку штета. Односите со околината не ви се најдобри, така што ќе се чувствувате многу осамено.
Девица (23.08 – 22.09)
Здраствените проблеми ќе ве вознемируваат, но наместо да се плашите добро би било да одите кај вашиот лекар и добиете адекватен одговор. Ќе видите дека ситуацијата не е таква каква што замислувате. Помалку сте хипохондрични. Некои претставници ќе донесат некоја важна одлука.
Вага (23.09 – 22.10)
Работите ви се одвиваат во добра насока. Некој колега лошо ќе се постави кон вас, па подоцна ќе ви се извини. Преку целиот ден ќе ве прати одлично расположение во добро друштво. Полни со енергија и воља да преземете нешто, работите ќе ги извршувате со голем ентузијазам. Во поамбициозните работи поврзани со пари ќе имате успех.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Овој ден делува на вашата амбиција, но и на семејните односи. Се трудите да му се допаднете на еден Лав со кој можете лесно да се договорите за многу работи, но тој веројатно не ви посветува многу внимание на вас. Би било подобро вечерта да ја поминете мирно, отколку да се оптеретувате со непотребни размислувања за минатото.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Некои нови можности на бизнис план се реални, но ако денеска не работите, одморајте се и дружете се со блиските. Денов совршено им одговара на оние кои сакаат да се договорат околу некои нови работи кои ќе бидат реализирани за околу месец-два и веројатно имаат врска со странци. Добро се согласувате со Бик, Рак и Јарец.
Јарец (22.12 – 20.01)
Преморени сте и потребен ви е мир, но вие како да не посакувате тоа да го направите, поради тоа што морате да го промените планот. Подготвени сте да одите преку своите можности и размислувате како да се изборите со конкуренцијата, без разлика за што станува збор и со која работа се занимавате. Добро се чувствувате во друштво на Лав.
Водолија (21.01 – 19.02)
Чувствително реагирате на секој вид на критика и се трудите на најдобар начин да ги решите проблемите кои се однесуваат само на вас и на вашите колеги. Ако планирате самостален проект веројатно во текот на денот ќе размислувате како да го започнете што е можно поскоро. Повремено можете да бидете нерасположени, особено ако не ви се јави пријател од знакот на Рак.
Риби (20.02 – 20.03)
Најважни проблеми за вас ќе бидат личните проблеми. Комуницирајте со околните, сослушајте ги и проценете! Имате човек со кого можете да ја споделите вашата вознемиреност и да добиете позитивен одговор. Најважно е да процените кој е човекот.