Овен (21.03 – 20.04)
Не започнувајте нови работи. Отежнатите прилики ви ја нагризуваат самодовербата, а околината, партнерот и соработниците премногу делуваат врз вас. Некои ќе заземат видлив агресивен став како би се снашле во секојдневните битки, други пак ќе избегаат кон забавата без чувства и одговорности.
Бик (21.04 – 21.05)
Некои случувања ќе ве поттикнат на менување на некои одлуки и правци. Ова најверојатно е позитивен развој на настаните па за вас тоа ќе биде многу возбудливо, но веднаш ќе морате да направите некои промени. Со оглед на тоа дека сте ментално многу силни, не би требало да имате проблеми.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе имате многу енергија, па одлично ќе ви напредуваат работите поврзани со учење нови нешта. Ќе успеете да ја отворите вратата која подолго време ви била затворена. Ве очекува голем успех. Финансиската состојба ви е стабилна, опуштете се и уживајте.
Рак (22.06 – 22.07)
Некои нови прилики во семејниот живот како и можноста за купување на недвижнини, градење, премногу ќе делуваат врз вас. Ќе промените нешто во вашиот секојдневен живот, па сето тоа заедно ќе ви создава стресна
Лав (23.07 – 22.08)
Неповолниот аспект од Јупитер ви носи напнатости во финансиите, но ќе успеете да се извлечете од кризата. На работното место односите со соработниците и претпоставените ви се доста нестабилни особено кога се во прашање некои деловни договори и решавање на проблеми.
Девица (23.08 – 22.09)
Некои желби на другите ќе ви бидат поголем предизвик и приоритет. Останете концентрирани и фокусирани за да научите повеќе. Денес ќе ги анализирате одново и одново работите кои поминале и ќе се подготвувате за нови активности. Можно е да ви биден побаран совет или услуга.
Вага (23.09 – 22.10)
Во работата ќе бидете непостојани и склони кон кавги со претпоставените. Внимавајте како се однесувате и што зборувате. Премногу значење ќе им придадете на материјалните работи во животот и ќе започнувате расправии со партнерот. Ќе мора да го заборавите минатото и да продолжите понатаму доколу сакате среќно да живеете.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ве очекуваат интересни и конфузни ситуации во работата. Тие ќе се одразат во вашиот живот. Главните проблеми ќе ги имате во љубовта. Упорно ќе го запоставувате партнерот и ќе бидете наклонети кон неверства. Ваквото однесување се должи на неискрените односи.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Добро ќе се снаоѓате во решавањето на финансиските проблеми и тоа на доста необичен начин. Ќе добиете добри вести и нечија поддршка. Ќе имате нагласена потреба за размена на чувства. Слободните би можеле да започнат љубовна романса базирана врз физичка привлечост, а во сериозните врски се повеќе ќе зависите од вниманието и љубовта на партнерот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Чувствувате немир па потајно се надевате и фантазирате. Понекогаш силата е во признавањето на човечките слабости. Пријателската љубов ќе ви го исполни денот. Денес денот поминете го со пријателите, уживајте, зборувајте, дружете се.
Водолија (21.01 – 19.02)
Многу сте заинтересирани за пари и ќе ве интересира кој колку троши, и колку може да се заработи. Постои можност да склопување на многу исплатливи договори. Некој од вашата деловна средина ќе ве напушти, сметајќи дека не сте биле коректни во меѓусебните преговори, внимавајте овој потег ќе ви нанесе голема штета.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе бидете помирни и концентрирани. Не е е исклучена можноста од непријатни изненадувања. Избегнувајте озборувања и бидете максимално дискретни, па на тој начин ќе ги избегнете непријатностите. Емоционално сте помирни и стабилни.