Овен (21.03 – 20.04)
Некои разочарувања од минатото конечно ќе ги оставите зад себе. Избегнувајте ги конфликтите, но ако се најдете во таква ситуација, бидете мудри. Ова посебно важи за оние кои се во работен однос. Од некои работи ќе мора да се одречете и да прифатите дека повеќе не се дел од вашиот живот.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе ја имате можност вашиот уметнички талент да го искористите на добар начин. Креативноста ќе ви помогне многу, а соработката ќе се одвива одлично. Не двоумете се да започнете нова активност. Имате добри шанси да успеете професионално и во бизнисот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Во добро расположение сте и затоа и ви оди работата. Со полна пареа работите за да го остварите саканото. Уживајте во вниманието кое го добивате, а исто така бидете отворени и за романтика. Идеално би било да го реорганизирате вашиот куќен буџет.
Рак (22.06 – 22.07)
Денеска ќе бидете на граница со нервите поради неуспех на некој ваш бизнис. Не дозволувајте нервозата да се прелее во вашето семејство. Би било подобро да се запрашате себеси што имате направено погрешно за вашите бизнис партнери.
Лав (23.07 – 22.08)
Вашиот љубовен живот и социјалните контакти можат да бидат нарушени поради вашиот неуспех да комуницирате без сарказам. Може да се чувствувате исцрпено и нерасположено да гледате на било кого. Како и да е, ви се советува да прифатите да излезете заедно со саканата личност.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес не препуштајте и ништо на случајноста. Обидете се да ја испланирате секоја минута од денот, бидејќи чувството на неизвесност ќе ве полудува повеќе отсекогаш. Потрагата по задоволство може да ве одведе на некој културен настан или приватна забава.
Вага (23.09 – 22.10)
Прилично сте активни и зафатени. Кратки патувања, контакти со луѓе, средби, чести излегувања – од една страна тоа ве исполнува, а од друга – сфаќате дека сето тоа е површно и не успева да ги задоволи вашите длабоки копнежи. Некои од вас се насочени кон читање и учење.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
И покрај вашите желби за одмор и релаксација, време е да се освестите дека вашите обврски стојат, и потребно е да почнете да ги реализирате. Направете баланс помеѓу пријателите и вашата врска. Одвојте време и за двете страни.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Дозволете да ве понесе романтикатата и препуштете се на страстите. Подгответе му вкусна вечера на вашиот парнер, а тој ќе биде изненаден од оваа позитивна промена. На професионално поле, денеска ќе имате можност да забележите успех.
Јарец (22.12 – 20.01)
Семејните прашања и околности се во центарот на вашиот интерес. Средете ги сите неопходни работи за да бидете подготвени за вашето летување. Кај некои од вас се појавува лепеза од емоции и потреба за подлабоко емотивно исполнување. Слободните Јарци ќе имаат различни можности за нова врска.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес ќе почувствувате огромно олеснување по споделувањето на долго чувана тајна. Дозволете си да бидете поотворени пред личностите кои ги нарекувате доверливи.Известувајте ги луѓето за вашите планови предвреме, за да испадне се како што вие сакате.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес нема да бидете доследни во однос на вашите обврски. Ќе бидете загрижени за вашата здравствена ситуација и ќе барате начини како да го задржите здравјето и да ја засилите енергијата. Потрудете се да ги почитувате сите ваши потреби.