Овен (21.03 – 20.04)
Некој ќе се обиде да ве вклучи во дискусија која ќе премине во кавга. Настојувајте да се занимавате само со своите обврски и обидете се да бидете што поконкретни. Не размислувајте за големи проекти. Средете ги односите со околината пред да биде доцна. Во љубовта внесете повеќе ведрина и разберете го вашиот партнер.
Бик (21.04 – 21.05)
Ако очекувате некаква испорака, приход или ветен подарок денеска можете да бидете изненадени. Вложувајте повеќе во блиските врски и немојте да се оддалечувате од драгите луѓе и борете се против чуството на осаменост. Излезете со друштво, забавувајте се или посетете некои блиски роднини кои не сте ги виделе повеќе време.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Близнаците со постојан работен однос се материјално мотивирани да истраат во сегашните работи, а планетите потикнуваат и нови работни аранжмани, поголеми купопродажби, вложување пари во поголеми работи. Во љубовта внесете повеќе страст.
Рак (22.06 – 22.07)
Не ве очекуваат многу возбудувања, па затоа ќе можете да се посветите на вашите обврски. Во овој момент ќе немате изразени неповолни аспекти што значи дека ќе можете да ги искористите вашите предности. Емоционално ќе бидете многу задоволни и пред вас е стабилен ден. Започнете со усовршување на знаењето.
Лав (23.07 – 22.08)
Одлично се чувствувате за било каков почеток, во деловни или приватни сфери. Нов бран на оптимизам ви ги облагородува вашите мисли, кои денес навистина ќе бидат прецизно и практично насочени во сите ваши активности. Сентименталните односи ви се стабилни.
Девица (23.08 – 22.09)
Ве очекува важен разговор со претпоставениот. Финансиската ситуација ќе ви биде релативно стабилна. Во љубовта очекувате од партнерот да ги сподели неговите соништа и планови, а нагласеното дружење со пријателите ветува добар провод и забава. Ќе доживеете некакво пријатно искуство.
Вага (23.09 – 22.10)
Денешната деловна понуда за вас може да биде многу предизвикувачка, особено во вечерните часови. Работата на долг рок бара и разговор со оние кои можат да ви дадат добри услови. Се обидувате да ја избегнете соработката со Бик или Лав. Ако сте сигурни дека сте на вистинскиот пат кон успехот, не поставувајте услови кои другите не можат да ги исполнат.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Многумина се потпираат на вас и се обидуваат со ласкање да ви дадат на знаење дека очекуваат од вас да го завршите и нивниот дел од работата, бидејќи вие во тоа сте поискусни. Се однесувате прилично тврдоглаво, иако изгледате мирно, всушност се обидувате на другите да им го наметнете вашиот став. Сакате да ја обновите соработката со некој кој би можел да ви биде од голема корист.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Се повеќе планети ви се наклонети и ќе бидете се порасположени и подруштвени. Одлично ви се аспектирани подолготрајните работи, а вашиот статус во работата станува се постабилен, но сеуште не треба да се надевате на признанието кое го очекувате. Бидете трпеливи и задоволете се со тоа што вашата околина почна да ве разбира.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе поминете мирен ден и ќе почувствувате дека дел од проблемите сте ги решиле и дека малку сте поднапреднале. Ќе поседувате многу енергија и ова е вистински момент за иницијатива. Односите со околината ви се мирни но ќе морате повеќе да се трудите за да остварите контакти.
Водолија (21.01 – 19.02)
На работното место односот со колегите ви е одличен и коректен. Денес до израз ќе дојде вашата комуникативност. Ѕвездите се на ваша страна и можна е добивка преку игрите на среќа. На полето на љубовта ви следи бурна но кратка авантура.
Риби (20.02 – 20.03)
Вашата обновена енергија ќе биде насочена кон љубовта, а ќе имате и прилика да го освежите односот со партнерот или ако сте слободни да си најдете љубовно задоволство. Можеби ќе имате мали проблеми со здравјето, некоја ваша честа болка, но тоа нема да ви биде пречка во извршувањето на секојдневните обврски.