Патувањето на легендарниот хрватски кошаркар, Дино Раѓа и неговата сопруга од Сплит кон Шибеник за малку ќе се претворило во кошмар. Поради големата брзина со која се движел неговиот автомобил (145 км на час) „ексоплодирала“ гумата.
„Со брзина од 145 км на час гумата се распадна како диња од петти кат. Имавме среќа, автомобилот веднаш застана“, откри Раѓа.