Пејачката Сара Мејс пред извесен период на своите обожаватели им откри дека вишокот килограми не и пречат, туку напротив убаво се чувствува и знае како да се носи со нив, како и тоа дека отсекогаш сакала да биде пополничка. Но сега неколку месеци подоцна и со помош на третманите во еден центар за медицинска естетика и козметика, таа успеа да ги намали килограмите до таа мера што “плива“ во старите фармерки.
Задоволна од она што го виде во огледалото, се пофали на Инстaграм.
-Слабо, не се изгубив во фармеркиве, – напиша таа за фотографиите.
Инаку, Сара Мејс пред една недела ја објави својата нова песна „Копито“.