Раперот АСАП Роки, момчето на поп-дивата Ријана, се најде во центарот на медиумското внимание поради своето однесување на Мет Гала.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа раперот, облечен во дукс со качулка, како ја прескокнува оградата и се турка со фановите брзајќи да стапне на црвениот тепих, по што подоцна дефилираа светските ѕвезди.
Видеото е снимено пред хотел во Њујорк, каде што се собрала толпа обожаватели, кои нетрпеливо чекале да го видат стајлингот на светските ѕвезди.
Прескокнувајќи ја оградата, Асап се потпре на главата на една девојка од толпата, притоа, не извинувајќи се и не застанувајќи да види дали обожавателката е во ред.
„Отидов пред хотелот рано наутро, само за да видам одблизу како се облечени ѕвездите. Почувствував дека некој ме тапка по рамото, па се свртев и видов дека тоа е Ејсап Роки. Тој ми рече ‘душо, јас морам да поминам’, а јас му одговорив ‘не’ бидејќи барикадата беше точно пред мене, јас немав каде да одам“, изјави Медлин Ланес, девојката на која се потпре раперот.
Раперот бил настојчив во својата намера, па ја прескокнал оградата, потпирајќи се за неа и на човекот кој бил покрај неа.
„Откако ја прескокна оградата, рече ‘благодарам’, па потоа само се насмеа и ми покажа среден прст“, вели таа.
Подетално за појавувањето и однесувањето на Асап и Ријана на Мет гала погледнете во видеото.