Видеото е снимено на 6 декември за време на посета на циркус во кинескиот регион Гуангкси, а предизвика реакција кај властите.
На почетокот се гледа тигар, врзан за метален држач и човек како става момче на грбот на животното. Друго лице го фотографира малото дете.
И покрај тоа што тигарот бил врзан со ремени, тој успеал да ги придвижи предните нозе и опашката, навестувајќи ја неговата нескротлива природа, пренесува АП.
Во меѓувреме, љубопитните малечки го чекаа својот ред за уникатно искуство. Оваа атракција се наплаќала 20 јуани (2,5 евра) по фотографија.
#China On December 7, 2023, the Guangxi Circus performed. Children could pay $2.79 to ride on the back of a tiger and take a photo. The circus denied that the tiger was anesthetized and only stated that it was tied up.#tiger #AnimalCruelty #BoycottChina pic.twitter.com/NH2YCNhfLX
— 日光之下CNAnimalRightsAlert (@animal_cn) December 9, 2023
Неколку дена подоцна реагираше и Секторот за култура, спорт и туризам, при што беше утврдено дека циркусот организирал претстави без соодветно одобрение.
Почитувајќи ги законските и регулаторните стандарди, надлежните наредиле итно прекинување на изведбите, што било сторено.