Утрово било пријавено дека на наплатната рампа „Глумово“ две лица со закана со оружје извршиле разбојништво, при што го одзеле дневниот промет. Засега не се соопштува колку пари биле украдени, но ако се знае дека вчера околу 50.000 возила ги поминале наплатните станици на овој правец, се претпоставува дека се работи за голема сума пари.
Инаку, како што дознава Курир две наоружани лица со фантомки на главата извршиле грабеж на патарината и ги држеле вработените во заложништво. Еден од вооружените крадци ги стопирал возилата кои се обраќаат на таа линија, а другиот со вперен пиштол кон главата на вработените барал пари.
Насилничката драма не запрела тука, па крадците започнале да ги кршат и вратите на кабините во кои биле вработените за да и од таму земат пари.
По грабежот тие се качиле на мотор кој бил паркиран и избегале во правец на Скопје.