Во болницата во Струга десетмина пациенти побарале помош бидејќи имале симптоми на дијареа и повраќање. За Алсат директор на болницата, Мухамет Асани вели дека пациентите биле 10, истите биле примени и по укажаниот лекарски преглед, биле пуштени на домашно лекување.
Инаку д Алсат велат дека имаат информации дека бројката на сватови кои побарале помош била многу поголема.
Инаку неофицијално причината за гостите кои побарале медицинска помош е тортата која не била купена од ресторанот, туку од друго место.
Асани истакна дека немало пациенти кои се хоспитализирани во струшката болница, бидејќи немало пациент кој би требало да се хоспитализира.