Бројот на жртвите на страшната автобуска несреќа која се случи на патот Скопје – Тетово се искачина 15 откако почина маж, кој се лекуваше на Клиниката за реанимација и интензивно лекување во Клиничкиот центар – објави Слободен Печат.
Во критична состојба се наоѓаат уште пет пациенти.
Додека другите повредени и понатаму се лекуваат во болничките центри во земјата, некои од нив, оние што имале помали повреди, беа пуштени на домашно лекување.