Многу е важно како ќе го почнете денот, а со тоа се согласни и нутриционистите. Кејт Мидлтон добро го знае тоа и затоа никогаш не го прескокнува појадокот. Доколку направите добар избор во текот на денот нема да имате ненадејни напади на глад, ниту потреба за шеќер.
Ако некогаш сте се запрашале како и поаѓа од рака да изгледа толку витко, еве го одговорот. Војвотката секој ден го почнува на посебен начин. Колку и да брза, секогаш го пие овој напиток.
Кејт сака да појадува со сопругот и децата, а тоа е ритуал во кој уживаат сите. Денот го почнува со смути, поточно со комбинација од кељ, спирулина, листови зелен чај, спанаќ коријандер, зелена салата и боровинки. Чаша полна витамини и добра енергија.
Со ова јаде и порција овесна каша, за која нутриционистите тврдат дека е најдобра опција за здрав појадок затоа што содржи високо ниво на влакна,, протеини, минерали, витамин Б. Овесот е одличен за системот за варење и одржување на нивото на холестерол под контрола, и тоа не е се – има уште добри страни.