Бившата сопруга на Чарли Шин, Дениз Ричардс се појави на премиерата на „Хартиена империја“ и стана кралица на скандалите на негативен начин. Актерката во оваа ТВ приказна ја игра една од главните улоги, а на црвениот тепих била убедливо водечка по скандалите.
Поранешната сопруга на Чарли Шин е позната по провокациите, но она што го приредила во Кан ги надминува сите досегашни испади. Таа на забавата се појавила со сопругот Арон Фајперс со кого разменила експлицитен бакнеж пред сите присутни и им се препуштила на страстите, а подоцна го кренала фустанот и го покажала половиот орган.
Тоа го направила додека шетала со режисерот на серијата, а потоа ја кренала креацијата и додека позирала со својот сопруг. На фотографиите изгледа како Дениз да го направила тоа намерно, можеби водејќи се по тоа дека денес на јавната сцена е дозволено се. Има многу други начини да се привлече вниманието, но нејзиниот избор бил екстремен.
Ричардс пред неколку месеци изјави дека е активна на „OnlyFans“ заедно со ќерката Семи Шин, која ја има од бракот со актерот Чарли Шин. Парот ја има и ќерката Лола Роуз Шин.