Откако македонскиот модел Катарина Ивановска неодамна гостуваше во „Жешко столче“, сега редот му дојде и на Перо Антиќ.
На прашањето на водителот дали единствена девојка која ја прошетал по разводот е девојката која одела по модни писти и дали е точно дека „каде што има чад има и оган, Перо одговори:
„Кај што има чад секогаш има оган, но не знам за кои писти зборуваш…Колку што можам следам модата“ одговори Антиќ не сакајќи многу да ги коментира гласините.
Тој истакна дека не му пречат трачевите за него, но му пречи кога ќе снема имагинација.
Претходно, при неодамнешното гостување во „Жешко столче“, на прашањето дали дресот со број 6 и е омилен, Катарина Ивановски сако се изнасмеа и рече:
„Види, каде што има чад има и оган. Тоа е ха, ха, ха…“
Инаку, Перо Антиќ пред повеќе од две години се разведе од сопругата Ружица со која има три деца, а Катарина и нејзиниот партнер Цобе не стапија во брак , но имаат две деца, син и ќерка.