Семејството на легендарниот хрватски пејач Масимо Савиќ тешко ја поднесува неговата смрт и не може да се помири со фактот дека тој повеќе не е со нив.
Почетокот на 2023 година е многу тежок за неговата наследничка, ќерката Мирна. Таа ги сподели своите емоции на социјалната мрежа Фејсбук.
Мирна имала многу планови со својот татко, а сега е скршена од болка бидејќи пејачот повеќе не е покрај неа за да ги оствари.
– Денес ние троица требаше да бидеме вака гушнати, но пред матично. Тато планираше да не изненади со песна. Ќе го поминам остатокот од мојот живот обидувајќи се да му простам на универзумот за оваа болка – напиша Мирна покрај фотографијата на која насмеано позира со нејзиниот татко и нејзиното момче.
Да потсетиме, Масимо почина на 23 декември на 61-годишна возраст, по тешка битка со ракот на белите дробови, а тажната вест на Фејсбук ја потврдија неговата сопруга Ени и ќерката Мирна.