127 нови случаи на КОВИД-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, од 702 теста, стои во статистиката која ја објави Институтот за јавно здравје, а пренесувава порталот СДК.
Најмногу има од Скопје, 67, па 33 во Штип и 10 во Струга. Починати се 3 лица, двајца од Скопје и еден од Куманово. Оздравени се седум лица.
По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчерашните случаи
Чаир 168
Центар 64
Бутел 63
Гази Баба 58
Аеродром 57
Сарај 55
Карпош 45
Кисела Вода 35
Арачиново 23
Студеничани 19
Илинден 18
Ѓорче Петров 18
Шуто Оризари 17
Петровец 6
Чучер Сандево 3
Сопиште 2
странец 2