Денеска им истекува домашниот притвор од 30 дена на бизнисменот Орце Камчев, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и на сопственикот на Пелистерка, Цветан Панделески, обвинети во случајот Империја, од СЈО.
СЈО најавува дека како и досега ќе бара да им се продолжи мерката куќен притвор на осомничените во „Империја“, преземен предмет кој веќе бил отворен во редовното Обвинителство за организиран криминал и корупција.