Адисон Бетеа (17) собирала школки во морето во близина на плажата Китон во американската сојузна држава Флорида кога била нападната од ајкула, јавува Си-Ен-Ен.
, но знаев дека треба да ја удриш ајкулата во носот за да ја тргнеш од тебе”, вели Адисон.
Таа почнала да вика помош, а нејзините крици ги слушнал нејзиниот брат Рет Вилингем, кој случајно е пожарникар и техничар за итна медицинска помош.
“Слушнав како вреска. Не ја видов, а потоа таа почна да излегува од водата и видов ајкула и многу крв, а потоа стигнав до неа и ја тргнав ајкулата од неа”, вели Рет.
Ќе мора да и биде ампутирана ногата
Откако ја совладал ајкулата, го запрел нејзиното крварење и ја однел на копно. Трауматскиот тим на локалната болница ја стабилизирал, а хирург извршил итна операција за да и го врати протокот на крв во ногата.
И покрај максималните напори на лекарите, утре ќе мора да и биде ампутирана ногата над коленото.
“Ќе биде многу полесно на крајот. Возбудена сум поради тоа, да бидам искрена. Уморен сум од седење во кревет”, вели Адисон опкружена со плишани ајкули.
„Сите што ме познаваат знаат дека наоѓам хумор во сè, обожавам плишани ајкули. Само ја осветлувам ситуацијата“, изјави таа за Си-Ен-Ен.