Програмата во живо на руската државна телевизија ја прекинала една демонстрантка која мавтала со транспарент со натпис: „Не за војна, сопрете ја војната”. На снимката која станала вирална се гледа како жена влегува во кадарот зад водителката на информативната програма „Vremya” на Првиот канал, пренесува BBC.
„Не верувајте на пропагандата, ве лажат, Русите се против војната“, пишува понатаму на плакатот кој го носела.
Демонстрантката се вика Марина Овсјаникова и наводно е вработена во телевизијата. Во Русија имаше и анти воени демонстрации, на кои имаше голем број уапсени. Русија на 24 минатиот месец ја почна војната во Украина.
Овсијаникова, исто така, објави видео на нејзините канали на социјалните мрежи во кое ја изразува својата срам што работи за Канал 1 и шири „пропаганда на Кремљ“.
„За жал, неколку години работев на Канал 1 и работев на пропаганда на Кремљ, многу ми е срам од тоа во моментов. Се срамев што ми дозволија да кажувам лаги од телевизискиот екран. Се срамам што дозволив зомбификација на рускиот народ. Молчевме во 2014 година кога ова само што почнуваше. Не излеговме да протестираме кога Кремљ го отру Навални“, рече таа.