Патувањето од Скопје кон Штип во еден правец ќе чини 160 денари, кажа денеска директорот на Јавното претпријатие за Државни патишта Ејуп Рустеми.
-Донесени се цените на двете нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип кои, според Програмата за работа на претпријатието треба да бидат пуштени во вториот квартал од годинава.Цената на патарините се утврдува според Законот, по километар 2,57 денари. Така што, кај Преод ќе биде 50 денари, а Кадрифаково ќе биде 70 денари цената, рече Рустеми.
Доколку на ова се додаде патарината кај Миладиновци, патувањето од главниот град кон Штип ќе не чини 160 денари во правец за патарини.