На плажата Ландундо, несовесен зависник од адреналин скокнал од гранитна карпа висока 11 метри во релативно мирно море, кое што за секунд се разбранува, носејќи го кон опасните карпи.
Додека се движеше кон она што мислеше дека е излезна точка со камени ѕидови, го пресретнаа огромни бранови кои се пробија од сите страни, пишува Дејли мејл.
Тој брзо сфаќа дека е во неволја бидејќи силата на морето го турка напред, а потоа го вшмукува назад во струите.
Во последен момент добива кратка пауза.
Неговите пријатели ја снимаат целата драматична сцена со своите мобилни телефони, додека тој се уште се обидува да се врати на безбедноста на карпите.
Во изминатата година, 17-годишно момче, 15-годишно девојче и 9-годишно момче се удавија долж карпестиот дел на Ландудно, познат по своите немилосрдни морски струи.
Видеото од 2 минути и 29 секунди на скокачот од карпи изгледаше како да трае цел живот.
Еден човек од Националната служба за спасување на море рече: „Тоа му беше среќен ден, бидејќи повеќето пливачи не би се извлекле живи од таа ситуација“.
„Тој е очигледно силен и моќен пливач, кој не греши во борбата со брановите, туку оди таму каде што го носат и тоа го спаси од давење.“ рече тој, а потоа додаде „Сепак, беше беспомошен од силата на брановите и имаше среќа што не удри во карпите, бидејќи ако ја удреше главата, борбата ќе беше завршена“.
Видеото стана вирално на Твитер каде има над 6,6 милиони прегледи и коментари кои се согласуваат дека тој имал огромна среќа што не бил „дел од несреќната статистика“.
https://twitter.com/i/status/1730387736983384229