Манекенката Ирина Шајк уште претходно направи пресврт кон поексцентричниот начин на облекување и очигледно не се откажува од истиот.
На синоќешната премиера на „Firebrand“ на 76-от Кански филмски фестивал, таа беше една од најпровокативните и најнеобично облечени гостинки.
Шајк носела кожен црн фустан кој се состоел од црн топ, составен од две ленти и здолниште со сирена крој со низок струк кој ги откривал колковите. Накитот бил исто така необичен, а фризурата крајно едноставна додека шминката била речиси и незабележлива.