Две калуѓерки се вратиле бремени од мисионерско патување. Две жени, кои припаѓале во различни редови на Сицилија во Италија, останале бремени додека биле во посета на своите матични земји.
Според ASNA, едната е по потекло од Мадагаскар и се грижела за стари лица. Кога се вратила од пат, била во првиот месец од бременоста.
Друга жена имала 34 години и завршила во болница поради силни болки во стомакот, а лекарите утврдиле дека и таа е бремена. Тогаш била испратена од манастирот близу Неброд во Палермо. Кои се татковците не е познато.
“Сан“ се повикува на извор во Рим кој вели дека и двете чесни сестри биле во нивните татковини и имале сексуални односи таму. И двете жени тогаш мораа да го напуштат животот во манастирите.
Црквата објавила дека ќе отвори истрага во врска со тоа дека чесните сестри ги прекршиле заветите.