Анџелина Џоли откри дека нејзинте две ќерки се оперирани оваа година. Нејзината 15-годишна ќерка Захара завршила во болница поради неутврдени причини, додека другата, за која не се знае дали е 13-годишната Шајло или 11-годишата Вивиен, била на операција а колкот. Анџелина додала дека нивните браќа биле многу внимателни во тој период, но не го спомнала нивниот татко, својот поранешен сопруг Бред Пит.
Во есејот за магазинот „Тајм“ актерката и режисерка напишала дека нејзините ќерки се бореле „за да преживеат и да оздрават“.
„Последниве два месеци ги поминав во операции на мојата најстара ќерка, а пред неколку дена гледав како нејзината помала сестра оди под нож поради операција на колкот. Знаат дека го пишувам ова, бидејќи многу ја почитувам нивната приватност, зборувавме и ме поттикнаа да го напишам. Разбираат дека минувањето низ медицинските предизвици и борбата за преживување и оздравување е нешто на што треба да се горди. Видов како двете застануваат и се ставаат една со друга на прво место и беа среќни што можат да си помогнат. Гледав како се соочуваат со стравовите со храброст“, напиша Анџелина.
Таа се присетила како и самата поминала преку двоја масектомија пред три години, се разведе од Бред Пит во 2016 година и како и биле отстранети јајниците и јајцеводите година претходно.