Епидимиологот ,д-р Драган Даниловски, на гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 предложи да се воведе скалесто работно време.
„Ако споредиме колку млади се дружат навечер, се спроведува без мерки на заштита и ако споредиме колку луѓе одат на работа со јавен превоз, гледаме луѓе натискани како сардини, јавниот транспорт е втор, ако не и прв по ранг ризик фактор за ова што ни се случува со пандемиската криза. Автобусите, крајно време е да се зголеми бројот на автобусите, да се регулира бројот на патници кои влегуваат. Да се направи скалесто работно време, па во различно време да се качуваат луѓето во автобус. Исто така, во Источна Македонија конфекциите го разгореа вирусот. И тој момент треба да се земе во предвид“ вели д-р Даниловски.
Според него, Шведска единствената земја на планетата која го примени моделот за заштита на хроничните и возрасните.
„Шведска единствена на планетата го примени моделот каде одеа на тоа да ги заштитат хроничните и возрасните, а другите да функционираат без рестрикции. Таму одеше на база на препораки. Ама тие се Швеѓани, а ни не сме. Останатиот дел од светот применија тактика што се вика `чекан и танц`, прво преземање на рестриктивни мерки, за потоа да има олабавување на рестриктивните мерки, но будно се следи состојбата. Секогаш кога ќе има нагло растење, да се притегне ситуацијата. Немаат сите економска моќ за еден месец да се направат тотални рестриктивни мерки. Не можеме предолго да живееме под рестрикции. Ние би се соочиле со епидемија на глад“ вели Даниловски.