Пејачот Дарио има испеано многу хитови, а најновиот му е „Жена за милион години“ која ја преведе на хрватски јазик. Сепак, „Дупла водка“ е едена од баладите која најмногу се врзува за неговото име. Има интересна приказна како настанала оваа песна.
Првично, требала да биде песна за ракија, а не за водка.
“Песната требаше да се вика „Дупла жолта“. Јас имав сосема друг текст, а мојот тогашен соработник Тоше Поп-Симонов ми го фрли листот и за два часа напиша нов со наслов „Дупла ‘жта“. Му реков дека нема шанси да ја пеам со таков наслов, не ми личи мене тоа. Два дена размислувавме. Виски некако не одеше, бидејќи во тоа време го пиеја само одредени луѓе и не сакавме да биде нешто надмено.
“ Ж’та ми беше многу кафански и на крај ја одбравме идеалната комбинација. Вотка пие секој и ја има за сечиј вкус и џеб“, раскажа Дарио.